Заборавете на Мона Лиза, ова „зајче“ го сруши рекордот за најскапо уметничко дело
Чини неверојатни 90 милиони евра и е најскапото уметничко дело, продадено на аукција, а дело изработено од сè уште жив уметник.
Во Среда вечерта, уметничката скулптура на Џеф Кунс од 1968-та година, позната како „Зајак“, изработена од нерѓосувачки челик, а инспирирана од балоните во животински облик, на аукцијата „Кристис“, се продаде за неверојатни 90 милиони евра и воедно го сруши рекордот за најскапо уметничко дело од сè уште жив уметник.
Рекордот претходно беше поставен минатиот Ноември, од уметникот Дејвид Хокнеј, кога за малку помалку од 90 милиони евра беше продадена неговата уметничка слика „Портрет на еден уметник (Базен со две фигури)“.
Сега Џеф со челичното зајче му ја одзема титулата на Дејвид.
Скулптурата „Зајак“ беше претставена како дел од колекцијата на починатиот магнат С.И Њухаус Џуниор, кој беше сопственик на делото. Во колекцијата, делото беше објавено со уште 6 други уметнички скапоцености.
Зајачето беше купено од страна на Роберт И. Мнучин, трговец со уметнички дела и поранешен реномиран банкар.