Суров човек испрскал мало маче со пена и го фрлил, но и животните имаат свој ангел-чувар
Иако постојат навистина злобни луѓе со деструктивен карактер, во поголем број се оние со големо срце!
На почетокот од овој месец, еден ѓубрар од Орегон, задолжен за одржување на градската чистота, додека си ја вршел својата работа, при чистењето на еден од контејнерите, пронашол беспомошно маче, фрлено наопаку и целото покриено со пена.
При празнењето на контејнерот, вработениот од Хилсборо одделот, слушнал очајно мјаукање.
„По деталниот преглед, вработениот го забележал малото маче, испрскано со пена, висејќи наопаку во контејнерот“- изјави главниот шериф во Орегон.
Ѓубрарот го извадил малото маче и го зел со себе, назад во камионот, каде бил и остатокот од персоналот. Сите тие заедно се здружиле за да го исчистат и спасат мачето. Морале да употребат жилети, бидејќи пената со која било прекриено, веќе се исушила и станала премногу цврста.
„Најверојатно не било во контејнерот предолго, бидејќи инаку досега би се задушило. Целото беше прекриено со пена, па дури и неговото лице, а нозете не можеше да ги движи. Изгледаше како нешто од Ноќта на вештерките“- вели ветеринарот Д-р. Дајен Хилеј од ветеринарската клиника во Хилсборо.
Мачето сега е згрижено и во многу добра состојба. Во меѓувреме полицијата истражува кој го направил ова злосторничко дело, и иако истрагата ќе потрае, бидејќи контејнерот го користеле повеќе луѓе од заедницата, сепак ветиле дека ќе го најдат виновникот.