Приказната за слончето Дамбо од реалниот живот заврши трагично, поради „задоволството на туристите“
Машко слонче со прекар „Дамбо“, кое беше присилено да танцува и изведува трикови на задоволство на туристите во Тајландската зоолошка, почина.
3-годишното кутро слонче почина бидејќи неговите задни нозе се прекршија, откако истото беше натерано да настапува 3 пати дневно, а на денот пред да почине, Дамбо беше фотографиран видно ослабен и притоа страдаше од инфекција.
Чуварите од зоолошката го одвеле во локалната ветеринарна станица, каде по детален преглед и скенирање, беше утврдено дека слончето ги скршило и двете свои нозе, а по само 3 денови, истото почина.
Слончето, чие вистинско име беш Џамбо, прекарот „Дамбо“ му го дадоа активисти кои започнаа кампања, која ја потпишаа повеќе од 220.000 луѓе, за неговото ослободување од хоророт низ кое слончето поминувало. А кампањата објави и низа фотографии од измачуваното животно, при што ја крене свеста, додека се уште слончето беше болно.
Џамбо страдал од инфекција на дигестивниот систем, а толку снемал сила, што на крај резултирало со прекршување на неговите нозе.
Организацијата на својот официјален Фејсбук профил напиша: „Со голема тага, Ве известуваме дека Дамбо почина“.
На видеото подолу бил снимен вистинскиот хорото низ кој поминуваат слоновите во тамошната зоолошка, но и секаде низ светот, каде има вакви активности кои вклучуваат животни, а се наменети за забавување на туристите.