7 неверојатни жени кои ја смениле светската историја, а кои нема да ги сретнете во учебниците
Во Април, оваа година, Кејти Бауман од Технолошкиот институт во Масачусетс, ја направи првата фотографија од црната дупка и ја поттикна дебатата за улогата на жените во историјата.
Низ историјата, правата не жените не биле на исто ниво со мажите, па затоа научните изуми, откритија и генијални работи пронајдени од жените биле игнорирани или заслугата била препишана на мажите.
Во продолжение следуваат 7 жени кои го промениле светот и историјата, а за кои нема да прочитате во ниту еден учебник:
1. Маргарет Хамилтон, родена во 1936-та година
Тешко да најдете некој што не слушнал за вселенската мисија „Аполо 11“, при која за првпат, два астронаути слетаа на Месечината, во 1969-та година. Додека целото медиумско внимание беше свртено кон НАСА и двајцата мажи, зад успешната мисија стоеше тим од жени, меѓу кои и Маргарет Хамилтон. Таа и нејзиниот тим го дизајнираа софтверот кој помогна во безбедноста на астронаутите при слетувањето.
Во тоа време, технологијата беше сосема различна, па Маргарет беше принудена да се справува со џиновски компјутери, а на фотографијата, таа е фотографирана до огромната количина на хартија, на која бил испишан навигацискиот софтвер.
2. Маргарет Сангер, 1879-1966
Маргарет Сангер беше американска феминистка и активист за правата на жените. Нејзината мајка Ен имала 11 деца и неколку спонтани абортуси, за кои Маргарет веруваше дека придонеле за нејзината смрт. Маргарет своето образование од колеџот Клеверик, каде се обучувала за медицинска сестра, го продолжи по истиот пат, во различни болници во Њујорк. Благодарение на нејзината кариера, Маргарет успеала да пронајде врската меѓу сиромаштијата, неконтролираната плодност и високата стапка на смртни случаеви, како резултат на нелегални абортуси.
Таа потоа го создаде концептот за заштита при сексуални односи и се залагаше жените да користат контрацепција. Некои од нејзините публикации и памфлети за планираното родителство се сметале за неморални, при што се соочила и со тужби. Но, по враќањето во САД, Маргарет ја отвори првата клиника за контрацепција и заштита при половите односи.
3. Викторија Вудхул, 1838-1927
Викторија Вудхул била американски реформист и спиритуалист, борец за правата на жените и првата жена која се борела во претседателската трка за функцијата- претседател на Америка во 1872-та година. Таа била одличен оратор и често своите одлични говоречки вештини ги користела за јавно да зборува за правата на жените пред Конгресот. За да биде уште повеќе политичка активна, таа ја создала политичката партија на еднаквоста.
Поради своите радикални идеи, Вудхул, често била критикувана од општеството. Но, иако не била успешна во претседателската трка, таа во историјата ќе остане запаметена како првата жена која се борела за оваа функција.
4. Розалинд Френклин, 1920-1958
Розалинд Френклин била британски научник, која дошла до значајно откритие, кое помогна подобро да се разбере молекуларната структура на ДНК и вирусите. За време на Втората светска војна, Розалин служела во воената авијација, а дури работела и за Воениот научен центар, каде го проучувала јаглеродот и јагленот за потребите на војната.
Во 1951-та година, таа се запишала на колеџот Кинг, во Лондон. Кога го започнала нејзиното студирање, тогаш многу малку се знаело за ДНК, но Розалин открила дека истата има спирална структура со помош на методите кои ги вклучувале X-зраците.
5. Чиен-Шиунг Ву, 1912-1997
Чиен-Шиунг Ву била американски нуклеарен физичар со кинеско потекло, чија работа била од огромен придонес кон т.н проект „Менхетан“ при Универзитетот Колумбија. Таа открила како да се збогати ураниумот и преку експерименти докажала партитетот не можел да биде зачуван за слабите нуклеарни интеракции.
Иако на експериментот работела со уште двајца мажи, подоцна само тие двајца добиле Нобелова награда. Бидејќи во тоа време, жените-научници биле исклучени од многу работи. Затоа, при една изјава Чиен рекла:„Се прашувам дали атомите повеќе би сакале машки или женски третман?“
6. Нети Стивенс, 1861-1912
Нети Марија Стивенс, по професија била биологичар и генетичар. Таа била меѓу првите научници кои откриле дека хромозомите го одредуваат полот на единката. Во 1904-та година, Нети спровела истражување од областа на цитологијата и регенеративниот процес со генетичарот Томас Хант Морган, кој подоцна за истото, само тој беше награден со Нобелова награда.
7. Барбара Меклинток, 1902-1992
Барбара Меклинток била американски цитогенетичар, која открила дека подвижните генетски елементи можат да се најдат на различни локации внатре во геномот. До ова откритие, Барбара дошла додека ги проучувала варијациите во бојата на пченката. За ова откритие, подоцна во 1963-та година, Меклинток била наградена со Нобелова награда.
Нејзините експерименти исто така биле клучни во откривањето дека генетската информација не е статична и може да се движи паралелно со хромозомот, притоа влијаејќи врз соседните гени. Барабра била многу напредна за своето време, па затоа била намерно игнорирана од машките научници, но тоа не ја спречило да напредува во својата работа.