7 вежби од јапонската „Коруги“ масажа, со кои ќе изгледате 7 години помладо
Со стареењето, кожата ја губи својата еластичност, но слабеењето на фацијалните мускули и намаленото производство на колаген и еластин, не се единствената причина за тоа!
Еден од главните фактори на стареењето и губењето на еластичност е и изместувањето на коските на лицето. Како резулат на тоа, овалното лице ќе изгуби од својата форма, а брадата и образите ќе надвиснат надолу.
Но, без грижи! Јапонецот Чијо Хајаши смислил одлично решение на овој, навидум проблем без решение. Тој развил специјална техника за масирање на лицето која помага да се врати првобитната положба на коските на черепот и ја подобрува микроциркулацијата на фацијалните ткива. Овој систем е наречен „Коруги“.
Важно!
Пред да ја започнете процедурата, земете огледало и масло за масирање. Тоа ќе ви помогне да следите дали правилно ги извршувате вежбите. Истовремено, вашата кожа треба да биде чиста.
Масажата се забранува на лица кои имаат проблеми со видот, страдаат од нарушувања на слухот, грлото, лимфниот систем, како и оние кои имаат хронични кожни заболувања или рани на површината на лицето.
Пред да започнете, корисно е да знаете дека „Коруги“ масажата, покрај другото, помага и во слабеењето на лицето.
1. Кревање на образите
Потпрете ги зглобовите на масата. Стиснете ги дланките во форма на тупаница. Поставете ги наспроти вашите образи, со крајните прсти наспроти страните од лицето. Вашите мускули треба да бидат опуштени. Останете во оваа положба 5 секунди.
2. Масирање на челото
Малку наведнете ја вашата глава кон назад. Повторно стиснете ги дланките во форма на тупаница. Со средината од средниот прст, поставени паралелно со косата, притиснете го челото. Продолжете да притискате, полека лизгајќи ги прстите надолу кон ушите. Потоа, нежно движете ги прстите до клучната коска.
3. Измазнување на образите
Стиснете ги вашите дланки заедно, притоа држете ги палците исправени, бидејќи ќе ви бидат потребни во вежбата.
Поставете го врвот од вашиот десен палец под левото око, до носот. Полека направете круг, движејќи ги рацете кон увото, притискајќи ја кожата. Веднаш потоа, нежно спуштете го палецот по должина на вратот- од увото до клучната коска. Повторете го последниот дел од вежбата 2 пати.
Изведете ја вежбата на ист начин, за другата страна од лицето.
4. Измазнување на челото
Свиткајте ги ги дланките во тупаници. Поставете ги средните делови од дланките на линијата на веѓите и нежно направете кружни движења, движејќи ги рацете кон линијата на косата. Потоа, вратете ги кон назад дланките во нивната првобитна положба и повторете го измазнувачкиот третман на челото.
5. Кревање на очите и очните капаци
Направете тупаница со раката. Кренете ги веѓите. Движете ја раката надолу кон очните капаци со помош на коските од показалецот и домалиот прст.
6. Масирање на долниот дел од лицето
Направете тупаница, а притоа држете ги исправени показалецот и домалиот прст. Движењата треба да бидат направени со помош на овие два прста. Пристиснете и истегнете ја кожата од брадата, почнувајќи од долните краеви кај усните. Растојанието меѓу притиснувањето и истегнувањето на кожата треба да биде мало.
Вкупно направете 7-8 движења.
7. Завршување на масажата
Отворете ги дланките. Поставете ги прстите на челото и полека движете ги странично, кон надолу, по линијата на образите и линијата на вратот.
Правете ја оваа масажа еднаш неделно.
Бонус
Бројните придобивки од оваа масажа:
- Го отстранува уморниот изглед и темните кругови околу очите.
- Откако кожата ќе стане поеластична, длабоките брчки ќе станат минато.
- Надвиснатата кожата ќе стане еластична и затегната, а притоа и позатегната и помазна
- Овалното и мазно лице ќе си го врати стариот облик и ќе добие поостар и цврст облик.
- Подобрената циркулација на крвта автоматски значи подобрена состојба на кожата.