Инспирирајте се за вашата матурска вечер или пак, доколку сте гостинка на некоја ваква пригода, заблескајте со следната едноставна шмнка која ќе ве направи да изгледате природно и гламурозно истовремено.

Следната шминка е за оние ги сакате работите на поедноставен начин, притоа изгледајќи отмено, но природно и софистицирано.

Чекори

  1. За основата: Според типот на вашата кожа, нанесете ја соодветната нијанса на ББ или ЦЦ крема. Ставете сосема мало количество и нежно нанесете на целото лице.
  2. Потоа, нанесете течна пудра и користејќи четка, покријте ја добро целосната површина. Можете да додадете уште еден слој за сензитивните области, како делот под и околу очите.
  3. Откако ќе завршите со течната пудра, нанесете камена пудра со матирачки ефект. Повторно користете четка за покривањето.
  4. Овој чекор е сосема по желба, а тоа е нанесувањето малку бронзер и руменило на образите, за да дојдат до подобар израз, страничните линии на вашето лице. Од бронзерот можете да додадете и на краевите на очите.
  5. За веѓите: Одберете ја соодветна нијанса на сенка за вашите веѓи и нежно нанесете со мала четка. На крај, за поцврст ефект, додадете малку маскара на истите.
  6. За очите: Поради свечениот карактер на пригодата, одберете нежна гламурозна сенка во розева нијанса, надополнета со светкави детали. Со помош на четката, омекнете ги острите краеви.
  7. Од сенката, малку нанесете и под очите.
  8. Земете повторно од бронзерот и нанесете на крајот од очите. Потоа додадете туш.
  9. Завршете го делот со очите, користејќи маскара и на горните и долни трепки. По желба, можете да ставите и вештачки трепки.
  10. За усните: Нанесете неутрално моливче за усни. Потоа нанесете неколку капки од сјај за усни во слична неутрална нијанса, а потоа со помош на прстите, нежно покријте ја целата површина на усните. Врз неутралниот сјај, додадете кармин во малку повпечатлив тон од истата боја и на крај, за поблескав ефект, додадете безбоен сјај.

Чекорите визуелно следете ги преку видеото: