6 лесни трикови како да губите 500 калории дневно, без да мора да вежбате
Сон на повеќето е да јадат колку што сакаат, но притоа да немаат вишок килограми. Сега и тоа е возможно, еве и како да јадете, а да слабеете.
Како и за се во животот, па така и во исхраната мора да бидете умерени. Така, единствениот правилен начин ќе биде оној при кој, и покрај јадењето, ќе губите по 500 калории дневно, без да мора да вежбате.
Следуваат 5 трикови кои ќе ви откријат како да го спроведете на дело овој совршен план:
1. Не јадете брзо
Златно нутриционистичко правило е да одвоите барем 20 минути за консумирање на секој оброк поединечно, бидејќи со јадењето бавно, ќе го стимулирате и поттикнете метаболизамот побрзо да работи. Притоа, на овој начин, лесно и веднаш ќе забележите кога ви е доволно и така ќе го избегнете прејадувањето.
2. Уживајте во храната
Повеќето од нас не размислуваат многу за вистинскиот избор и процијата на оброкот. Токму тоа нè доведува до прејадување и автоматски, до вишок килограми. Затоа потрудете се, следниот пат добро да размислите што ќе јадете и најважно, да уживате во секој оброк.
3. Обратете внимание на хранливата вредност
Важно е што јадете, не само колку количински јадете. Кога ќе отидете во продавница, обратете огромно внимание на составот на производите: Колку јаглехидрати, протеини, вештачки шеќери и слично, содржи она што сте планирале да го купите и секогаш изберете ја правилната вредност.
4. Не се откажувајте од ниту една состојка
Ако сте одлучиле умерено да внесувате шеќери, направете го тоа на практичен начин. Ако сакате десерт, направете некој домашен, без вештачки засладувачи, туку со мед. Или пак, ако премногу обожавате Кока Кола, одберете ја Кока Кола „Zero“, која содржи 0 калории, а има ист вкус.
5. Спијте доволно
Стресот во комбинација со недостаток од квалитетен сон и неправилна исхрана може да влијае многу лошо врз здравјето, но и нашиот изглед и линијата на телото. Затоа, наместо да се прејадувате кога сте под стрес, одберете го спиењето.
6. Одберете исти производи, но со помалку калории
Доколку не можете денот да го замислите без млеко, тогаш консумирајте бадемово млеко. Тоа содржи цели 40 калории помалку од обичното. Или пак маслото за јадење, само тоа додава по 300 калории во оброците. Затоа користете го во помали колиечества.
Исто и со лебот, не се откажувајте, само ограничете го консумирањето на 1-2 парчиња, и притоа сечете ги тенко.