Шминкерка црта надреални оптички илузии, а за секоја поединечно ѝ се потребни по 16 часа
Нејзините ремек-дела оставаат без зборови!
20-годишната Ромејн-Џејд Талох, од Нотингем, Британија е самоука шминкерка, која за многу кратко време се прослави благодарение на нејзините неверојатни дела, кои си поигруваат со очите на набљудувачот.
Талентираната девојка поминала 2 години студирајќи висока уметност, но се откажала од факултетот за да го следи својот сон шминкајќи, кој сега се претвори во реалност, благодарение на Интернетот.
Ромејн успешно раководи со својот Јутјуб канал, кадешто ги објавува своите шминкерски дела. Неодамна откри дека за една оптичка илузија одвојува дури 16 часа од своето време.
На социјалните мрежи веќе ја следат повеќе од 400.000 луѓе, а кога ќе ги видите фотографиите, ќе ви стане јасно и зошто:
Инспирација црпи од сите можни страни, од популарните филмови до елементите во кујната, а резулатите се волшебни: