Која положба на спиење е правилната за вас, според видот на болка во грбот од која страдате
Околу 80% од светската популација, барем еднаш во својот живот ќе се соочи со болка во грбот. А еве како на најлесен начин да се ослободите од истата.
Во продолжение следува едноставен водич како да се справите и да ја намалите болката во грбот, спиејќи во различни положби, во зависност од типот на истата
1. Болка во вратот и горниот дел од грбот
Како помага?
Спиењето на грб помага вашата телесна тежина да се распореди рамномерно насекаде низ телото, во секој можен дел. На овој начин, ќе го намалите притисокот врз вратот и горниот дел од грбот. Истовремено, ќе ја исправите линијата на ‘рбетот и внатрешните органи. Трикот се состои во додавањето на перница под вратот и една перница под колената, со што ‘рбетот ќе се постави во неговата природна положба.
2. Болка по линијата на ‘рбетот
Како помага?
Ова е одлична положба за луѓето кои имаат навика да спијат свртени на нивниот стомак, а кои имаат потешкотии да заспијат во било која друга позиција. Додајте перница под стомакот и горниот дел од карлицата. Изберете перница која не е премногу голема, туку пониска и потенка. Како резултат на овој трик, ќе имате квалитетен сон, а притоа перницата под стомакот ќе ве ослободи од притисокот што го чувствувате по должината на ‘рбетот.
3. Болка во долниот дел од грбот
Како помага?
Кога спиете на страна, го присилувате ‘рбетот да се свитка во неприродна положба, при што дополнителна тежина паѓа врз долниот дел од грбот. Најдобро е да ги свиткате колената малку кон напред и да поставите перница меѓу нив. На овој начин, телото, особено долниот дел нема да чувствува притисок и ‘рбетот ќе биде во својата правила и природна положба.
4. Болка во опашната коска
Како помага?
Ако страдате од болки во опашната коска, која е сместена во долниот дел од грбот, спиењето во полу-седечка состојба може да ви помогне. Поставете перници позади вашиот грб и врат за да направите доволна потпора на вашето тело, да се опушти во неговата природна положба. За поголема опуштеност, додајте повеќе перници. На овој начин, ќе се ослободите и ќе ја спречите таквата болка.
5. Затегнати нерви
Како помага?
Ако еден од вашите ‘рбетни дискови успеал малку да се измести од неговата природна положба, тоа ќе резултира со болки. Обидете се да спиете во оваа позиција, која ќе овозможи доволно растојание меѓу секој прешлен и ќе ги натера да се вратат во својата нормална линија. Свиткувњето и наведнувањето на горниот дел од телото на овој начин, ќе придонесе за опуштање на нервите.
Менувањето на положбата на спиење е тешко, па затоа направете план
Иако најверојатно мислите дека е премногу тешко да се навикнете на нова положба на спиење, откако со години спиете во иста позиција, сепак можете да го направите тоа многу едноставно.
Со навикнувањето ќе имате мали проблеми само првите ноќи, но откако ќе ја пронајдете вистинската положба за вас и кога истата ќе ве ослободи од болката во вратот, веќе никогаш нема да сакате да се вратите назад кон старите навики на спиење.