Високото ниво на шеќер во крвта може на подол начин да го зафати вашиот организам, без воочливи симптоми. Всушност, се покажало дека повеќето луѓе не ни знаеле дека имат дијабетес, сè додека дошле до вториот степен.

Ако високото ниво на шеќер во крвта продолжи да се развива, без потребното лекување, штетите по самата личност можат да бидат огромни. Па затоа, еве како лесно да го препознаете дијабетесот преку неговите почетни знаци:

1. Одењето во тоалет станува сè почеста појава

Доколку потребата за мокрење станува се почеста и ги надминува границите на нормалата, тоа значи дека вашето нивото на шеќер во крвта е вон контрола.

2. Често се соочувате со уринарни или габични инфекции

Кога нивото на шеќер во крвта е високо и бубрезите не можат да функционираат правилно, шеќерот завршува во урината. А кога шеќерот ќе се најде во влажна и топла средина, каква што е урината, тогаш истиот предизвикува габични и урнинарни инфекции, што се особено карактеристични кај жените.

3. Губите тежина и без да се трудите

Ако имате дијабетес, вашето тело не е способно глукозата, односно шеќерот да го користи правилно, како извор на енергија. Наместо тоа, организамот ќе започне да ги согорува резервите од складираните масни наслаги, а тоа ќе доведе до губење на килограмите.

4. Вашиот вид се влошува

Високото ниво на шеќер во крвта негативно влијае и на еден начин ги искривува леќите сместени во самите очи, а со самото тоа, го влошува и видот. Токму промените во видот понекогаш може да бидат ран индиктаро на дијабетес.

5. Се чувствувате изморено

Неколку причини за измореноста можат да се препишаат на високото ниво на шеќер во крвта, вклучувајќи ја и дехидратацијата која пак, настанала како резултата на честото мокрење и оштетеноста на бубрзите.

Ова чувство на измореност може да ве попречува во нормалното извршување на секојдневните обични активности.

6. Забележувате промени во бојата на кожата

Повеќето пациенти со дијабетес, пред самото дијагностицирање, имале забележлива потемнета кожа околу вратот и околу коските на прстите.

7. Здивот ви мириса ужасно

Дехидратацијата настаната како резултат на дијабетес, доведува до сува уста, пропратена со лош здив. Сувата уста нема доволно влажност за да ја одржува pH вредноста, а притоа, настанува кетоза- процес при кој организамот ги користи складираните масни наслаги како енергија, наместо шеќерот, а со тоа предизвикува и здив кој мириса лошо.

8. На раните и модринките на вашето тело, им треба цела вечност да заздрават

Високото ниво на шеќер во крвта создава поволни услови за бактеријата да се развива. На овој начин, неконтролираниот и нетретираниот дијабетес ќе го отежни заздравувањето на модринките и раните на вашето тело.

9. Зачестено чешање на кожата

Луѓето кои страдаат од дијабетес често се соочуваат со чешање на кожата, а истото е предизвикано од габичните инфекции, сувата кожа и слабата циркулација на крвта. Ако поконкретно, лошата циркулација е виновникот, тогаш најмногу иритирана површина ќе биде кожата на нозете.