Принцеза на 26 години: 11 стари фотографии кои докажуваат дека убавината и стилот на Грејс Кели се безвременски
Позната како муза на Алфред Хичкок, синооката убавица исто така го зароби срцето на принцот Рение од Монако, на Канскиот филмски фестивал во далечната 1955-та година.
Така Грејс стана принцеза на само 26 години, а го задржа и угледот на една од најпознатите златни девојки на Холивуд, која беше позната по својот истакнат и препознатлив стил, бисерен и дијамантски накит, Ермес чантите и Диор фустаните.
Следните 11 фотографии докажуваат дека не само стилот, туку и убавината на младата принцеза се безвременски: