„Мое тело, мој избор“: Гучи ја претстави новата колекција и на најмоќен начин застана зад правата на жените
Ревијата, одржана во Капитолските музеи вo Рим, беше претставена во темно, драматично светло, а италијанскиот бренд штотуку ја пренесе најсилната порака за правата на жените, преку модата.
Во првите редови беа забележани големи ѕвезди како актерката Селма Хајек, музичарот Елтон Џон и од помладите, Хери Стајлс.
Овој пат италијанскта модна куќа ја создаде својата најмоќна колекција, но не бидејќи беа користени лускузни и скапи материјали, туку пораката што ја носеа парчињата беше од голема вредност.
Креативниот директор на брендот, Алесандро Мишел застана зад правата на жените и го поддржа нивното право на абортус, репродуктивните права, правото на родова еднаквост и правото на слобода на говор.
„Неверојатно е што во светот сè уште постојат луѓе кои сметаат дека можат да го контролираат правото на жената на избор и да го контролираат нејзиното тело. Секогаш ќе бидам на страна на слободата“- гордо изјави Алесандро.
Пораката дека жените треба да бидат третирани подеднакво како и мажите и дека треба да имаат право врз сопственото тело беше извезена на луксузните парчиња, а еве како изгледаше мал дел од генијалната колекција:
Највпечатливото парче на кое со везена уметност беа претставени репродуктивните органи на жената
22.05.1978 e датумот кога во Уставот на Италија биле воспоставени правата на жените, мајките, како и нивното слободно право на абортус
„Мое тело, мој избор“ е она што го пишува на виолетовото сако