Омилените гумени сандали од детството, повторно се враќаат во мода, во позабавна верзија, но и еден специфичен детаљ
Дали се сеќавате на вашиот омилен пар, кој не го соблекувавте во разиграните летни денови, а кој ви даваше голема удобност?
Мала доза на носталгија е секогаш добредојдена, па затоа популарните и омилени чевли од детството, повторно се вратија во мода, за да нè телепортираат во легендарните и забавни 90-те години.
Шарените гумени чевли кои во изобилство беа присутни во минатото, во 2019-та година целосно се враќаат на модниот пазар, овој пат во уште позабавна верзија, наменета и во поголем дел за возрасните, а и со еден специфичен детал.
Сандалите наместо од пластика, ќе се продаваат изработени од рециклирани материјали, правејќи ги еколошки и пријателски настроени кон животната средина, без воопшто да изгубат од својот весел шарм.
Зад конептот стои брендот Мелиса, основан во 1994-та година, кој минатата недела јавно ја објави својата колекција.