Работите во стариот Холивуд навистина не биле како на филм.
Во продолжение прочитајте 10 интересни, но дефинитивно невообичаени факти за филмската индустрија во минатото, а факти поради кои многу луѓе драстично го сменија своето мислење за истата:
1. Ако некое дете од актерите лошо се однесувало на сетот, тогаш под казна било праќано во т.н црна кутија, каде било приморано да седи на блокови од лед
2. Роберт Редфорд сакал да ја толкува главната игра во филмот „Дипломираниот“, но режисерот го одбил бидејќи рекол ликот е губитник, а никој нема да поверува дека Рердфорд е губитник
3. Додека се снимал филмот „Афричката кралица“, сите на снимањето, вклучувајќи ја и Кетрин Хепберн добиле дизентерија од загадената вода
4. Во „Волшебникот од Оз“, снежната бура всушност била азбест
5. Користењето азбест за филмовите било доста популарно во тоа време, а актерот Стив Меквин сметал дека тоа довело до неговата смрт
6. Мерлин Монро и Џејн Фонда заедно оделе на часови по глума
7. Скоро целата екипа која учествувала во снимањето на филмот “Освојувачот“, подоцна добила рак. Наводно, бидејќи локацијата на филмот била близу површини каде се вршеле нуклеарни тестирања
8. Бети Дејвис е постара од купечкиот леб на парчиња
9. Ширли Темпл била толку многу талентирана поради што започнале да кружат гласини дека всушност таа била џуџе, а дури Ватикан буквално испратил свој човек да го истражи тоа
10. Харолд Расел бил првиот актер кој законски го продал својот добиен Оскар