Со потекло од семејството на огрозди, распостранета во умерените краишта, рибизлата се смета за цветно растение, кое со себе носи неверојатни и бројни лековити својства. Освен што е супер лек против мигрената, прочитајте и за што други служи.

Карактеристики

Рибизлата ја има во повеќе варијанти, но најзастапена и најпозната е црвената, црната и белата рибизла. Од аспект на структурата, таа спаѓа во групата на грмушести повеќегодишни растенија. Семките сместени во внатрешноста на сочната обвивка содржат т.н гамалинолна киселина.

Плодовите се карактеризираат со сладникав, но во поголема мера, кисел вкус, а тоа е поради големото количество на витамин Ц што се наоѓа во нивниот состав. Пребогати се со каротен, а покрај витамин Ц, содржат и витамини Б1, Б2 и Б6.

Рибизлите се сметаат за исклучителен ефикасен антиоксидант, а ќе се изненадите од долгата листа на лековити својства што го има ова овошје.

Лековити својства

Рибизлата помага во деткосикација на телото и го прави организамот отпорен на разни болести и заболувања. Поради нејзиното големо количество на витамин Ц, таа се препорачува за луѓе кои страдаат од недостаток на овој витамин, но истовремено поради овој елемент, таа е и меѓу првите состојки кои најефикасно се борат и го штитат организамот од појава на карцином.

Плодовите на рибизлата, особено црвената рибизла, помагаат и за отварање и зголемување на апетитот, а содржи и доволно количество на калциум, при што ја прави одлична за развојот и заштитата на коските.

Поттикнува здрава циркулација на крвта и ги спречува можните згрутчувања во истата, со што го штити и каридоваскуларниот систем. Покрај тоа, сокот од плодовите помага во борбата против бубрежните болести, грчевите и го обновува дигестивниот систем.

Ги отстрануваат акумулираните штетни материи во нашиот организам, го зајакнуваат ги штитат цревата, а и лекарите рибизлите ги препорачуваат да се консумираат по направени хируршки интервенции, бидејќи го забрзуваат порцесот на оздравување.

Употреба на рибизлата

Плодовите на рибизлите можат да се консумираат свежи или пак во сушена форма. Чај од рибизла или како сладок-кисел додаток во колачите се два од најзастапените начини, на кои луѓето ги користат рибизлите. Еве уште еден, за кој сигурно не знаете:

Вино од рибизла за прочистување на крвта

Потребни состојки

  • Рибизли во количина по ваша желба
  • Вода
  • Шеќер
  • Вински квасец
  • Суво грозје

Начин на подготовка

Посакуваната количина на рибизли измешајте ја со доволно количество на вода и шеќер, а потоа додадете го и сувото грозје заедно со винскиот квасец. Добиената смесата ставете ја во стаклено шише и истото наполнете го до половина. За процесот на ферментација, потребно е сместа да ја оставите да отстои 40 денови, на топло место. По поминатиот период, процедете ја течноста и истата ставете ја во ново, чисто шише.

Виното потоа се препорачува да го чувате на места со пониска температура.