10 лесни начини како да го спречите згрутчувањето во крвта и кои ќе ви го спасат животот
Колку многу време денес луѓето поминуваат пред телевизорот или компјутерот, сите се соочуваат со ризик да развијат згрутчување во крвта. А доколку истите се случат во белите дробови или срцето, последниците можат да донесат екстремни компликации.
Со избриањето на правилниот начин што да јадеме, што да носиме и што да правиме секој ден, шансите за да го уништиме нашето здравје ќе станат многу минимални.
Еве на кои 10 лесни и едноставни начини ќе го спречите згрутчувањето во крвта и ќе го спасите својот живот:
1. Носете удобна облека, која не е премногу тесна
За поттикнување на правилната и здрава циркулација на крвта низ целото тело, избегнувајте да носите облека која е претесна. Бидејќи грутките во крвта можат да се појават и во нозете, се препорачува да носите опуштени и удобни панталони и фармерки.
2. Направете си купка со неорганска сол
Ако некогаш ви беше потребен изговор за да се релаксирате со купка, сега имате и здравствена потреба од истата. За поттикнување на здравата циркулација на крвта, потребно е да направите купка со неорганска сол. Станува збор за сол со хемиски состав магнезум сулфат, наместо обичната која ние ја користиме во домот, со состав на натриум хлорид.
3. Практикувајте правење на интензивни вежби
За да го спречите згрутчувањето во крвта, од исклучителна важност е да останете активни и да го избегнувате подолгото седење. Секој вид на вежба е одлична за таа цел, но особено добро е да одберете трчање како вид на интензивна вежба. Не само што ќе го зацврстите телото, но и ќе го спречите згрутчувањето.
4. Застанувајте на секои 2 часа, додека возите, за да се раздвижите и протегнете
Денес скоро сите луѓе ги користат автомобилите како превозно средство за да стасаат до посакуваната цел, но возењето ги зголемува шансите за згрутчување на крвта. Кога знаете дека ќе возите подолго време, застанувајте на секои 2 часа, за да го одморите телото, да се раздвижите и да ја поттикнете циркулацијата на крвта.
5. Консумирајте природни зајакнувачи на крвта
Иако лекарите можат да ви препишаат лекови за подобрување на вашата крв, најдобро е тоа да го постигнете со природните алтернативи како правилната исхрана. Консумирањето на свеж лук, куркума и чај од ѓумбир го намалуваат ризикот од згрутчување во крвта. Не само што се вкусни, туку и се совршени за вашето здравје.
6. Свиткувајте и раздвижувајте ги зглобовите и прстите на стапалата
Повеќето од времето, скоро сите луѓе го поминуваат седејќи, при што на тој начин, слабее и се намалува циркулацијата на крвта во нозете. Кога немате време, ниту моментално избор за пешачење, секогаш и во седечка положба можете да ги раздвижувате и свиткувате зглобовите и прстите на стапалата, за да ја подобрите циркулацијата.
7. Носете компресивни чорапи
Компресивните чорапи се препорачуваат на лица кои се изложени на ризик од длабока венска тромбоза, па затоа за да го спречите згрутчувањето на крвта, овие чорапи се вистинскиот избор. Доаѓаат во различни големини и бои и ја поттикнуваат циркулацијата на крвта во нозете, а се што е потребно е само да ги облечете.
8. Нанесете масло од хелиризум на вашата кожа
Хелиризум е жолто цвеќе кое природно ја зајакнува крвта. Воедно, важи за антивоспалителна состојка, што ја прави идеална против згрутчувањата во крвта. Нанесете неколку капки на местата каде што чувствувате дека циркулацијата е најслаба, односно најлоша.
9. Редовно кревајте ги нозете во положба над срцето
Лежејќи на грбот, кренете ги нозете нагоре и потпрете ги на ѕидот. На растојание од 15 цм над срцето е доволно оддалечено. Оваа вежба ќе ви помогне да се опуштите по долгиот и напорен работен ден, притоа ќе ја поттикне правилната циркулација на крвта.
10. Избегнувајте да ги прекрстувате нозете
Оние луѓе кои особено се под ризик за појавување на тромбоза, треба оваа штетна навика строго да избегнуваат да ја практикуваат. Кога седите, одберете тоа да биде положба при која нема да се создава притисок врз вашите нозе. Седењето треба да биде удобно и да ве опушти.