Мајка го открива својот итар и економичен трик како нејзините деца да бидат спремни за неколку минути
Една мајка од Мелбурн го открива својот вешт трик, кој чини помалку од 300 денари, а со помош на кој нејзините 4 деца се спремни за само неколку минути.
Жената која стои зад успешниот блог „Мајчинство, брак и маргарити“, откри дека секоја вечер, пред спиење ја подготвува облеката на своите деца и секоја посебно ја складира во индивидуалните кутии на секое од децата.
Вели на овој начин го елиминирала непотребното време кое претходно го трошела убедувајќи ги децата дека треба да се облечат и да бидат спремни, што често предизвикувало нервози меѓу децата, негодувања, па дури и доцнења за првиот училишен час.
„Облеката ја подготвувам кога децата спијат. На овој едноставен начин го избегнувам утринскиот хаос. Така, заштедувам време и енергија, веќе не морам да повторувам дека треба да бидат спремни и воедно веќе ги немаат очекувањата дека јас на крај ќе ги облечам.“- вели мајката.
За таа цел, мајката одвоила смешна сума од семејниот буџет и за околу 5 евра, од локалниот маркет, купила 4 пластични кутии со средна големина. На секоја кутија стои фотографија од детето кому му припаѓа, за да полесно ги разликува.
„Веќе неколку денови го практикуваме овој трик и е неверојатно успешен. Децата наутро сами се подготвуваат, без да прашуваат или негодуваат. Им се допаѓа новата рутина. Откако ќе го завршат појадокот, секој си ја отвора својата кутија и за неколку минути сите 4 од нив се спремни“- додава мајката.