8 грешки кои ги правиме при чистењето, поради кои целиот наш труд е залуден
Повеќето кога чистат низ дома, ретко помислуваат на чистење на предметите кои не изгледаат валкано. Ако често ги игнорираме, опасни бактерии можат да се развијат на тие места, што штетно би влијаело и на нашето здравје.
Следуваат 8 чести грешки кои ги правиме при чистењето, поради кои целиот процес е залуден и неправилно направен:
1. Не ја чистиме машината за перење облека
Валкана машина за перење е опасен фактор кои шири и пренесува опасни штетни бактерии, како и мувла на нашата облека.
Таквите штетни честички предизвикани од нечистотијата, се сместуваат во дупчињата од машината и затоа експертите препорачуваат истата да се чисти на секои 2 недели.
Пуштете ја да работи, без облека во неа, на највисоката можна температура, притоа додавајќи избелувач или лимонска киселина.
2. Четката за тоалетната школка ја чуваме затворена во кутија наменета за неа
Четката за тоалетната школка е еден од највалканите предмети во нашиот дом. Значително можеме да го намалиме бројот на бактерии ако ја дезинфицираме и сушиме редовно.
Затворената кутија во која таа е често сместена е совршено место за развивање на бактериите, кои се шират насекаде низ бањата кога ја употребуваме четката.
3. Ретко ги дезинфицираме мијалниците
Кога го чистиме мијалникот, често забораваме да го исчистиме и одводот, а тоа само го правиме кога ќе започне да се шири некоја непријатна миризба од истиот. Честички од храна и нечистотија се акумулираат во одводот, при што се развиваат бројни бактерии и кога се пушта вода, остатоците се враќаат назад кон мијалникот.
За правилно чистење на одводот, ставете една лажица сода бикарбона во него и малку на површината додадете оцет. Оставете да отстои така преку ноќ. Наутро пуштете топла вода.
4. Едно од највалканите места во домот е садот или држачот каде се сместени четките за заби
Фактот дека вашата четка за заби е дом на преку 100 милиони штетни бактерии е доста шокирачки. Не само од бактериите во устата, туку четката за заби може да се зарази и од бактерии кои се наоѓаат во бањата. Така на пример, секогаш кога пуштаме вода во тоалетната школка, бактериите се распрскуваат низ бањата, преку воздухот на големо растојание и се лепат на површината на четките за заби.
За таа цел, да ги спречиме бактериите да дојдат до нашата четка за заби, држачот за истите треба да го поставиме повисоко над мијалникот. Воедно истиот треба редовно да го чистиме.
5. Чистиме со ладна вода
Ако при чистењето користите млака или ладна вода, производите за чистење нема да бидат многу ефикасни. Најдобро е да се чисти со топла вода или најтопло што може да поднесат нашите раце т.е кожа.
Со топлата вода, производите за чистење се двапати поефикасни, а истовремено бактериите на тој начин ефективно се уништуваат.
6. Неправилно ја полниме машината за садови и не ја сушиме откако сме ја употребиле
Не е потребно често да се чисти машината за садови, бидејќи на еден начин, таа самата автоматски си врши дезинфекција на себе. Но, потребно е редовно да ја сушиме, бидејќи во спротивно, би можело да се појави мувла.
Што се однесува на самите чинии и прибори, начинот на кој ги сместувате т.е распоредот е многу важен. Експертите препорачуваат чиниите во кои биле ставени јаглехидратите т.е компир, ориз, тестенини да бидат ставени во кругот кој ја опфаќа средината на машината. Чиниите прекриени со протеини т.е месо, сирење, јајца, да бидат поставени по краевите на машината. На овој начин, сите тие ќе бидат исчистени на најдобриот начин.
7. Забораваме да ги чистиме завесите во бањата, како и самиот туш
Повеќето луѓе ретко ги чистат завесите над кадата, бидејќи мислат дека тие самите се чистат при пареата додека се бањаме. Но, тоа воопшто не е точно. А нередовното чистење на овие завеси може да резултира со појава на мувла. Најдобро ќе ги исчистиме со нивното перење во машината, а потоа задолжително треба да ги исушиме.
За да се ослободиме од црната мувла која се појавила меѓу кадата и ѕидот, на истата површината треба да нанесеме сода бикарбона, а одозгора да напрскаме со оцет.
Истовремено, потребно е да се чисти и самиот туш. Кога никој не го користи, тогаш бактериите работат и се развиваат. Се препорачува пред да се бањаме, да го пуштиме тушот да работи најмалку 1 минута, а исто така на секои 2 недели, да го потопуваме во раствор од сода или оцет.
8. Не ги чистиме вентилациските розетни
Вентилациските розетни се едно од најопасните места во домот, бидејќи од спротивната страна често се акумулира измет од глувци и птици, при што и на овој начин бактериите можат да влезат во домот.
Потребно е розетните да се чистат на секои 2 недели. Отстранете ја решетката и исчистете со оцет, а потоа добро пребришајте. Истовремено, со правосмукалка обидете се најдобро што можете да ја отстраните прашината.