Пациент се вљубил во прекрасната лекарка која се грижела за него, а откако сè се случило многу брзо и таа забременила, се открила неговата голема тајна
Милана и Давид се запознале во болница. Тој се пријавил во болницата, бидејќи имал силни болки во стомакот, а жената била назначена да го лекува.
Таа била сосема млада, штотуку го завршила факултетот и се вработила, а поради нејзината младост и шармантна убавина, Давид не можел да одолее, па постојано се обидувал да комуницира со прекрасната лекарка, шегувајќи се, со цел да ја освои.
Откако неговиот третман и времето за лекување скоро завршиле, Давид веќе бил многу приврзан со Милана и затоа одлучил да започне со директно додворување. Безброј пати на адресата на лекарката, во текот на лекувањето, пациентот праќал букет цвеќиња, а на самиот ден на отпуштањето од болницата, Давид отворено ја поканил Милана на романтичен состанок во театар, при што таа веднаш се согласила.
Нештата меѓу новиот и многу заљубен пар започнале брзо да се одвиваат и за кратко временски период, стапиле во брак. Брачниот живот започнал така што Давид се преселил да живее во станот на Милана, бидејќи неговото живеалиште било сосема на спротивниот крај од градот, што не одговарало со работата на лекарката.
Една година подоцна, Милана останала бремена. Давид бил пресреќен и започнал за идната мајка да подготвува огромно изненадување. На денот на нејзиното излегување од болницата со бебето, надвор ги чекала блескава лимузнина, букет цвеќиња и многу балони. Младата мајка била во шок и дури не можела да поверува на своите очи. Но, следното изненадување резултирало со уште поголема насмевка- чудесен прстен декориран со огромен скапоцен камен.
Милана влегла во лимузината, но наместо дома, автомобилот тргнал во спротивна насока. „Мил мој, каде тргнавме? Домот ни е на другата страна.“- рекла збунетата мајка. „Наскоро ќе дознаеш и се надевам, ќе ти се допадне“- одговорил Давид.
Лимузината застанала пред една луксузна зграда, во еден од најелитините делови во градот. Парот влегол внатре, се качиле во лифотот, а Давид го притиснал копчето за најпоследниот кат од зградата.
Токму на последниот кат ги чекал нивниот нов дом. Кога се отвориле вратите во нивното четирисобно живеалиште, тоа било уредено со најскапиот мебел и најновата техника. А собата на бебето пак, изгледала како огромна детска продавница.
Пред самото влегување и откривање на последното изненадување, Давид на својата сопруга признал дека е сопственик на огромна правна фирма, а тоа го криел од Милана, бидејќи имал лошо искуство со неговата претходна сопруга, која со него била само за парите.
Затоа сакал да оддели време, за да ја најде вистинската жена на својот живот, која ќе поседува врвни квалитети, како што била самата Милана.
Давид сакал многу порано да признае, но поради нејзиниот силен и независен карактер, мислел дека Милана ќе го напушти штом ќе дознае дека ја лажел.