Пророкот Мухамед рекол дека кога народот ќе дознае за моќта на ова семе, ќе започне да го мери во злато!
Семето од грчката детелина се претпоставува дека е едно од најстарите лековити растенија. Во источните култури се користи како главна состојка за изработка на популарниот зачин кари, но и како додаток во медицински и козметички препарати.
Семето од грчка детелина има голем број лековити својства, меѓу кои стимулирачки ефект при алергии, стабилизирање на крвниот притисок, регулирање на шеќерот во крвта и снабдување на метаболизмот со енергија и виталност.
Во неговиот состав е присутен фитоестрогенот, кој придонесува за правилен раст и развој. Оттаму тој се користи како една од главните суровини за преработка на млечни формули за новороденчиња, но и во фармацевтската индустрија за изработка на билни чаеви за жени кои дојат.
За ова семе пророкот Мухамед рекол дека кога народот би ја дознал неговата корисност, неговата вредност ќе се пресмета во злато.
Вкусот на ова семе е исклучително јак и тежок, па потребен е извесен период за да се навикнете на него. За подготовка на домашен сируп, потребни се:
- 200мл. ладна вода
- 2 лажици од семето
Семето се истура во сад со вода, се остава да зоврие на тивок оган и постепено се промешува како би се добила густа смеса. Кога смесата ќе се соедини, се остава да се излади и се конзумира 2 пати на ден, наутро и навечер по една лажица.