8 работи кои лошиот вкус во вашата уста, се обидува да ви ги каже за вашето здравје
Лошиот вкус во вашата уста може да биде индикатор т.е симптом на нешто безопасно, но и на нешто многу опасно.
Без разлика дали станува збор за горчлив, кисел, метален или сладок вкус, причините зад истиот можат да бидат бројни.
Затоа е добра идеја да направите едно резиме што сте јаделе во изминатите денови, како сте се чувствувале, а добро е да се знае и семејната здравствена историја.
Во продолжение ве водиме низ здравствен водич кој ќе ви открие што би можело причината која резултира со лош вкус во вашата уста:
1. Можеби имате габична инфекција
Уште се нарекува и „орален дрозд“, а влијае на устата, така што создава бели точки на грлото и јазикот. Инфекцијата настанува од бактеријата наречена „Кандида Албиканс“, која природно се населува во устата, а е контролирана од имунолошкиот систем. Но, доколку имунитетот ослабне, бактеријата за кратко време може да создаде инфекција. Покрај белите точки, еден од симптомите на оваа појава е токму и лошиот вкус во устата.
2. Можеби сте бремена
Покрај вртоглавиците и заморот, било откриено дека добар дел од бремените жени се жалат и на метален вкус во устата. Ова настанува како резултат на хормонската промена во телото, кога во истото се создава нов живот. Хормоните влијаат врз сетилните органи, па така влијаат и врз вкусот, при што дури може, храната што претходно ви била омилена, сега да ја мразите.
3. Можеби имате потреба од цинк
Ако консумирате храна која содржи ниско ниво на цинк, тогаш не ја внесувате доволната количина од истиот, односно недостатокот од овој елемент предизвикува лош вкус во устата, а научниците сè уште се обидуваат да откријат зошто е тоа така. Веруваат дека бидејќи цинкот го крева нивото на густин, тип на протеин кој го контролира вкусот.
4. Можеби имате вообичаена настинка или грип
Доколку на вашиот јазик чувствувате горчлив вкус, пропратен со настинка или грип, без грижи, тоа е сосема нормално. Според научниците, овие симптомите во вакви ситуации се вообичаени, кои го алармираат имунолошкиот систем да се бори против истите со производство на протеини. А токму тој процес може да резултира со појава на горчлив вкус во вашата уста.
5. Можеби имате дијабетес
Доколку вашето тело има потешкотии да го контролира нивото на шеќер во крвта, поради тоа може да почувствувате сладок вкус во вашата уста. Затоа доколку старадате од дијабетес, може да со соочите со овој симптом. Истовремено, дијабетесот може да го намали нивото на цинк, па да почувствуваат слатко-горчлив вкус.
6. Вашето нивото на стрес е можеби превисоко
Анксиозноста може да предизвика она што е познато како ксеростомија или сува уста, што самиот израз кажува дека ефектот на сувост е предизвикан поради намаленото лачење на плунка во вашата уста. Плунката игра важна улога во нашето здравје, почнувајќи од дигестивниот систем до заштита од лошите бактерии во устата. Доколку не ја произведувате во потребните количини, може да почувствувате чуден вкус. Кога сте нервозни, загрижени или анксиозни, во такви ситуации, организамот лачи помали количества на плунка.
7. Можеби се должи на лековите кои ги земате
Доколку консумирате специфичен вид на лек, можеби веќе сте искусиле слатко-горчлив, солен или метален вкус во вашата уста. Истражувањата ги објаснуваат контра-ефектите од лекарствата како антивоспалителните или антибиотиците и оние кои се користат за хипертензија и алергии. Дури и консумирањето на одредени мултивитамини може да го има истиот ефект. За среќа, лошиот вкус ќе престане веднаш штом ќе престанете со лековите.
8. Можеби треба да ја подобрите вашата орална хигиена
Вашата уста е дом на многу видови бактерии, добро и лоши. Доколку не практикувате соодветна орална хигиена, со редовно миење на забите, тогаш со таа лоша навика, дозволувате лошите бактерии да се развијат, што ќе резултира со појава на сомнителен вкус во устата. Истовремено, ситуацијата може да се влоши, со доведување на забите во згрозена состојба.
Се препорачува да посетувате заболекар на секои 6 месеци и да ги следите советите на вашиот лекар.