Мајка дизајнираше специјален елек кој им овозможува на децата со инвалидитет да одат. Само да ја видите радоста во нивните очи
Да се има деца е работа со полно работно време. Но, да се има дете со инвалидитет, дополнително го отежнува неговото секојдневие.
Дури и малите работи, кои за нас се безначајни, како играње со топка, е неостварен сон за овие деца.
Но, Деби Елнатан тие соништа ги претвора во реалност за многу деца со инвалидитет, благодарение на опрема, која самата таа ја дизајнираше, а која им овозможува на децата да чекорат.
Самата таа е мајка на дете со инвалидитет. Односно, нејзиниот син Ротем страда од церебрална парализа, која влијае врз неговите моторни способности, подвижноста на мускулите и држењето на телото. Поради својата болест, Ротем бил принуден деновите да ги минува лежејќи или седејќи. А моментите кога неговите родители се обидувале да го придржуваат и да му помогнат да оди, биле дополнително исцрпувачки.
Но, Деби не дозволи церебралната парализа на нејзиниот син, да истражува и да пронајде начин со кој ќе му овозможи на своето дете да оди.
Започнала да работи на дизајнот кога Ротем имал 2 години. Деби дизајнираше специјален елек кој функционира така што истиот го облекува детето, а истовремено елекот е поврзан со телото на родителот. Дизајн со кој телото и стапалата на детето се прицврствуваат за половината и нозете на родителот.
Самата Деби го тестирала нејзиниот изум, а секогаш кога ќе направела чекор, чекор ќе направел и нејзиниот син.
Набрзо, Ротем одел со огромна насмевка на неговото лице. Во тој момент, Деби знаела дека таков елек мора веднаш да подари и на останатите родители кои имаат деца со инвалидитет. За таа цел, Деби направи план.
Започна да бара компанија која ќе го развие нејзиниот концепт и ќе започне да го продава онлајн. По 11 години, благодарение на компаниите Фајарфлај и Ликеј, елекот наречен „Upsee“, сега е достапен на сите родители кои сакаат да го купат и на сите деца на кои им е потребен. Концептот на дизајнот е сличен на оригиналниот кој Деби го дизајнираше. Со елекот, децата можат да чекорат секој пат кога самата возрасна личност ќе направи чекор.
„Upsee“ елекот веќе им помогна на многу деца кои страдаат од болести предизвикани од неверомускулни нарушувања и благодарение на истиот, тие ги направија своите први чекори.
Деби е горда мајка на 3 деца, но сега најгорда е тоа што може да го види својот син и останатите деца, да одат и да имаат нормален живот.