Домашен рецепт за природен лек против хелико бактеријата која ја предизвикува појавата на чир во желудникот
Хеликобактер пилори е бактерија која ја опфаќа слузокожата на желудникот кај човекот и воедно, таа е единствена бактерија која може да преживее во непогодна средина, каква што е киселата средина во тој дел од организамот.
Бактеријата доведува до долотрајни хронични воспалителни реакции на желудникот, односно резултира со гастритис. Инфекцијата од бактеријата доведува до оштетување на гастроинтестиналната слузокожа т.е чир на желудникот.
Во продолжение откријте го кој домашен лек ќе ви помогне успешно да се изборите со хелико бактеријата и чирот, и како да ги приготвите лековите во домашни услови:
Домашен рецепт за природен лек против хелико бактерија
Потребни состојки
- 300 гр листови од цвеќето чуваркуќа
- 2 лажици мед
Начин на подготовка
Со помош на блендер, исецкајте ги листовите од цвеќето. Откако ќе ја добиете потребната текстура, додадете го и медот и добро измешајте ги состојките. Смесата се препорачува да се чува во фрижидер, а во однос на консумирањето, потребно е да консумирате по 1 лажица на празен стомак, секое утро пред вашиот појадок.
Воедно, медот се става за подобар вкус и по ваша лична желба.
Луѓето кои го консумирале овој лек, по само 6 месеци, на прегледите, при тестирањата, не бил забележан ниту еден траг од хелико бактеријата.
Лек против чир во желудникот
Потребни состојки
- 100 листови од растението тегавец
- 1 тегла мед
Начин на подготовка
Исецкајте ги листовите од тегавецот, а потоа измешајте ги добро со медот. Пред употреба на овој лек, потребно е смесата да отстои 15 денови. Да се чува на ладно, во фрижидер.
Луѓето кои го консумирале овој лек велат дека истиот ги спасил да се ослободат од чирот во желудникот, а биле на работ да се оперираат.