Хиперпигментација е појава која е проследена со менување на бојата на кожата, на делови од кожата се јавуваат дамки во облик на темни точки и пеги.  Најголема причина за тоа е зголеменото производство на меланин. Тоа може да биде предизвикано од подолга изложеност на сончева светлина, изложеност на одредени хемиски соединенија како  бетаксолол или миноциклин, но и генетски фактори.

Трауматските состојби, како хируршки зафати и операции исто така можат да остават трајни белези на кожата, иако лузните се повлекуваат, трагите од меланинот остануваат.

По бременоста може да се јави еден вид хиперпигментација, т.н.  мелазма.  Тука можат да се појават дамки на кожата на лицето, но се повлекуваат по извесен период.

Ви претставуваме еден природен лек за отстранување на дамките од кожата.

Потребно:

1 лажица куркума во прав

1 лажица сок од лимон

 

Состојките се промешуваат и се нанесуваат рамномерно по површината на кожата каде има изразени точки и дамки, се остава да делува 20 минути и потоа се чисти со ладна вода. Постапката е едноставна и се практикува 2 пати на ден,  во времетраење колку  што е потребно.