Над 100 лекари и медицински персонал застанаа во ред, за да ѝ одадат последна почит на оваа медицинска сестра
Медицинските сестри вршат неверојатна работа. Но, и покрај тоа, тие се често потценувани во нивната професија.
Често, тоа се должи на фактот што повеќето луѓе ги сметаат лекарите како единствените херои во приказната. Но, работата на медицинските сестри е далеку од едноставна и бесмислена.
Доказ дека и тие можат да бидат херои е медицинската сестра Мери Дезин, од Пенсилванија.
Таа, својата 30-годишна кариера ја посветила на спасувањето на животите на своите пациенти. Но, за жал, медицинската сестра од неодамна почина и тоа на само 58-годишна возраст.
Но, дури и по трагичната смрт, Мери сакаше да продолжи да ги спасува туѓите животи, при што пред самата смрт, доброволно се пријавила да биде донатор на органи. За крај, таа доби трогателно збогување со своите колеги.
Според ABC News, Мери почина на 31-ви претходниот месец, а моменти по нејзината смрт, над 100 лекари и медицински персонал застанаа во ред во ходникот од болницата, за да и одадат последна почит на својата ценета и многу сакана колешка.
„Тоа беше исклучително емоционален момент. Повеќето присутни плачеа, а плачеа дури и луѓе кои не ја познаваа.“- изјави Метју Џејмс, синот на Мери.
Семејството не очекувало таква реакција од медицинскиот персонал и признале дека очекувале да дојдат најмногу 20 луѓе.
За многу луѓе Мери била пример и синоним за храброст до самиот крај.