10 бесценети животни трикови како вашата коса да биде погуста и да расте побрзо
Најдолгата коса во светот има должина од 5.627 метри! Но, иако не целите кон тоа вашата коса да биде толку многу долга, сепак потребно е да се вложи многу труд, а крајниот резултат да биде погуста и долга коса.
Тоа најдобро го знаат оние кои веќе се обиделе или моментално вложуваат во негата на нивната коса.
Доколку и вие сакате погуста и подолга коса, потребно е знаете неколку златни трикови. Во продолжение ви откриваме 10 домашни трикови, кои лесно се прават, нема да ви одземат многу време, а воедно ниту ќе ве чинат многу:
1. Користете витамин Б-12
Доколку вашата коса има потешкотии да расте побрзо, тогаш најверојатно вашиот организам има недостиг од витаминот Б-12, кој е исклучително важен за здравјето и изгледот на вашата коса. Недостатокот од овој витамин може да резултира со сува, ретка и коса со бројни расцветани краеви. Витаминот му е подеднакво потребен и на вашиот скалп. Пред да го користите витаминот Б-12, потребна е лекарска консултација.
2. Масирајте го скалпот
Масажата на главата ќе ја подобри циркулацијата на крвта, при што крвта ќе достигне до фоликулите на косата и ќе ја поттикне истата да расте. Масирајте го скалпот со врвовите од вашите прсти, од сите страни и со нежни движења. Масажата може да ја правите и додека ја миете косата.
3. Правилно сушете ја вашата коса
Најдобро е да не ја завиткувате косата во крпа, откако ќе ја измиете. И во ниту еден случај, не треба да ја триете косата, бидејќи на овој начин, ќе ја направите уште почувствителна и кршлива. Наместо тоа, само нежно допирајте ја косата со крпата и самиот материјал ќе ја апсорбира влажноста.
4. Спијте на свилени перници
Памучните перници ја апсорбираат природната влажност од косата и на тој начин, ја сушат. Но, тоа не случајот со свилените перници. Покрај тоа што не ја прави вашата коса сува, истовремено, свилените перници ги намалуваат шансите за било какво оштетување на вашата коса.
5. Променете ја положбата на вашето коњско опавче
Доколку редовно високо го врзувате коњското опавче, потребно е да ја промените неговата положба. Врзете го ниско, а истовремено не го прицврстувајте премногу. Презатегнатото коњско опавче може да доведе до опаѓање на самата коса, бидејќи на тој начин, се оштетуваат нејзините корени. Затоа потребен е одмор на вашата коса.
6. Негувајте ја кожата на скалпот
На скалпот му е потребна соодветна нега, како што тоа е потребно со секој дел од телото, како на пр. кожата на лицето. За таа цел, потребно е да ги одберете соодветните козметички производи врз основа на тоа кои состојки ја подобруваат и хранат вашата кожа. Воедно, не заборавајте дека хидратацијата е потребна и на кожата на скалпот.
7. Исплакнете ја косата со ладна вода
По миењето на косата, на крај, исплакнете ја со ладна вода. Тоа ја зацврстува косата и ја прави поздрава. Истовремено, ќе ја направи поблескава и помазна.
8. Употребете маслиново масло
Маслиновото масло совршено ја храни косата. Богато е со антиоксиданти и витамин Е, кои се одлични за косата да ја направат помазна, да ја поттикнат да расте и да ја направат поблескава. Употребете го така што 1/4 шолја од маслото нанесете на косата и со нежно масирање и движење на прстите, распространете го насекаде.
9. Одржувајте ја влажноста на косата
За ова ќе ви помогне жолчка од јајце, бидејќи содржи лецитин, кој доволно ќе ја навлажни косата. Ќе ви бидат потребни 2 јајца и неколку капки сок од лимон. Откако ќе ги измешате состојките, нанесете ги на косата и оставете ја смесата да отстои 30 минути, а потоа исплакнете со ладна вода.
10. Обратете внимание на вашата исхрана
За вашата коса да биде здрава, самиот организам мора да биде здрав. Затоа, потребно е да ги консумирате потребните витамини и минерали. За таа цел, се препорачува да го зголемите внесот на протеини во вашата исхрана, внесот на витамин А и Ц и да пиете многу вода.