„Не можам да сакам сиромашен маж“: Жена држи курс „Како да си најдете богат маж и да живеете во луксуз“
Запознајте ја 32-годишната Инстаграм ѕвезда од Шведска, Ана Беј. Таа започна да држи онлајн курсеви за секоја жена, која ја интересира за луксузниот живот и која сака да запознае богат маж.
Во „Училиштето“, таа споделува совети како да станете жена од високата класа и како да изгледате „скапо“.
„Како да станете жена со стил и како да привлечете милијардер?“
Врз основа на личното искуство, бројните патувања и средби со различни луѓе, Ана им открива на жените како да влезат во светот на елитното општество. Според неа, за достојниот маж секогаш постои достојна жена. А притоа, менаџерката на овој необичен курс додава дека никогаш не би можела да се заљуби и да сака сиромашен маж.
„Откако еднаш започнете да живеете луксузно, тешко е да се вратите на претходниот начин на живот“- вели Ана.
За да стане „жена од високата класа“, Ана мораше да изгуби 15 килограми, да направи корекција на носот, јаболчниците и брадата. Според девојката, жените кои сакаат богат маж, треба да негуваат елегантен стил, да носат високи потпетици, да имаат беспрекорно негувана коса и да мирисаат на скап парфем.
Според Ана, ова се шесте работи, кои ги одбиваат богатите мажи
- Мажите не сакаат жени без негувани нокти и маникир
- Жени кои премногу време поминуваат на нивниот телефон
- Богатите мажи не сакаат жени со премногу шминка
- Жените не треба да се облекуваат претерано разголено
- Богатите мажи не ги сакаат грубите и агресивни жени
- И жените кои директно и отворено им бараат пари или материјални работи
Ана одговара и на прашањето „Дали жените треба да работат?“:
„Жените треба да имаат избор дали да работат или не. Погледнете ме, јас до мене имам богат маж, значи не седам само дома. Исто така, стасав до заклучок дека работата едноставно не е за мене. Јас не сум создадена за тоа. Не сакам да работам ништо. Една жена може да работи ако сака, но не е задолжително“.
Додека дел од жените се воодушевени од нејзините совети, кај поголемиот дел таа предизвика бура од негативни реакции и осуди.
Кое е вашето мислење?