Подуен јазик и уште 6 скриени знаци кои укажуваат на недостаток од железо во крвта, а кои не треба да ги игнорирате
Железото е од исклучителна важност за организамот, бидејќи неговата задача да пренесува кислород низ телото, како дел од хемоглобинот во крвта, го прави еден од најважните фактори за доброто здравје.
Недостатокот од железо во крвта може да предизвика анемија, односно слабокрвност, а кај децата да предизвика забавен раст и развој.
Пред да ја прочитате листата на симптомите, кои укажуваат на недостиг од овој елемент во организамот, важно е да имате во предвид, дека доколку сметате дека некој од симптомите го имате, тогаш треба да посетите лекар, за да добиете соодветна специјалиситчка дијагноза и третман.
7 скриени знаци на недостаток на железо, кои не треба да ги игнорирате
1. Секогаш сте уморни
Најчестиот симптом на недостаток од железо во крвта, кај луѓето кои го имаат е тоа што тие секогаш се чувствуваат уморени. Се разбира, чувството на замор не е нешто невообичаено, но прекумерениот замор може да биде индикатор на нешто поекстремно. Доколу постојано се чувствуват е изморени и не знаете зошто, можеби имате недостаток од железо во крвта.
2. Вознемирени, воспалени крајници
Синдромот на вознемирени крајници претставува невролошко нарушување, кое предизвикува огромна непријатност и неудобност при крајниците. Овој синдром неретко се поврзува со недостатокот на железо во крвта и фолна киселина, особено кај луѓето кои страдаат од бубржени заболувања.
3. Сува кожа и коса
Исто така овие симптоми се сметаат за индикатор на недостиг од железо во крвта, кој е понезабележителен за разлика од останатите симптоми, но пак, и покрај тоа, е многу поприсутен кај луѓето со оваа состојба.
Истовремено, сувата кожа и коса можат да укажуваат дека на организамот му недостасува здрава исхрана. Доколку не сте сигурни кој е точниот причинител за вашата состојба, направете промени во вашата искрана и секако, посетете лекар.
4. Анксиозност
Многу луѓе се чувствуваат анксиозно и вознемирено, односно беспокојно од време на време, но доколку овие симптоми се јавуваат често, тоа може да биде знак дека личност има недостиг од железо во крвта.
Доколку го немате потребното количество на железо во вашиот организам, тоа може да доведе до недостаток на кислород, кој пак влијае врз нервниот систем и доколку го нема во потребното количество, може да резултира со вознемиреност и тоа многу поголема, од вообичаената и нормалната.
5. Вртоглавица / Главоболка
Луѓето кои имаат недостиг од железо во крвта, често се соочуваат со кратки вртоглавици, кои никако да исчезнат. Тоа може да биде исклучително непријатно и да ги попречува луѓето во извршувањето на нивните секојдневни нормални активности.
Не е невообичаено луѓето од време на време да имаат главоболка, но не и кога таа често се случува. Главоболката не мора строго да значи дека имате недостаток од железо во крвта, но може да биде една од бројните причини.
6. Подуен јазик
Ова е еден од поневообичаените симптоми на недостиг на железо, а луѓето кои страдаат од оваа состојба, ќе забележат дека нивниот јазик е необично воспален и подуен.
Симптомот може да го забележите само доколку се погледнете во огледало- Дали го чувствувате поголем од вообичаеното и нормалното? Дали можете да почувствувате некоја разлика кога консумирате храна? Поради ниските нивоа на хемоглобин, недостатокот од железо ќе го подуе вашиот јазик.
7. Бледа кожа
Хемоглобинот, кој е дел од крвта, е заслужен за нејзината црвена боја, при што доколку страдате од негов недостаток, тогаш вашата кожа ќе биде побледа од нормалното. Хемоглобинот, како и самата крв, играат голема улога во тоа како ќе изгледа вашата кожа и доколку страдате од недостиг на железо, ќе забележите дека таа добива поблед тон.