Нанесување парфем, чистење со пареа…Лекарка „удри“ по опасните навики кои жените често ги практикуваат за нега на интимата
Дами, дали и вие ги практикувате овие популарни навики за негата на вашата интимна зона? Во продолжение откријте како и зошто тие се штетни по вашето здравје.
Со самиот факт што секое човечко тело е уникатно, природно не постојат две женски интимни зони што се идентични.
Но, и покрај фактот дека не постои „совршена“ вагина, растечки број на жени, почнувајчи уште на 16-годишна возраст, бараат помош и алтернативи како да ја изменат до совршенство својата интимна зона.
Реномираниот естетски хирург Д-р Ширин Лакхани вели дека е шокирана од зголемениот број на пациентки, кои од неа бараат драстично да им ги промени интимните делови и затоа сега лекарката се бори јавно да им докаже на жените дека нивното тело и женски делови се совршени такви какви што се.
„Не постои еден правилен начин како треба да изгледа женската интимна зона, што значи дека не постои две исти ниту пак единствена совршена, туку дека сите се совршени“- вели Ширин.
Лекарката инсистира дека покрај тоа што е важно да го прифатите изгледот на вашата вагина таков каков што е, од голема важност е жените да престанат да ги практикуваат штетните навики на хигиена, кои станаа огромен тренд меѓу дамите.
Во продолжение, Д-р. Лакхани открива кои популарни навики за нега на интимната зона се штетни и советува кога да побарате соодветна помош
1. Чистење на вагината со пареа
Чистењето со помош на пареа се смета за омилен тренд меѓу славните ѕвезди како Криси Тиген и Гвинет Палтроу. Но, Д-р. Ширин ги предупредува жените да сфатат дека нивната вагина не е тепих, па затоа не и е потребно таков вид на чистење.
Воедно, постои ризик од појава на изгореници, а може да предизвика и иритација, па дури и инфекција.
2. Испирање
Голем број на жени како еден од начините на одржување на интимната хигиена го користат испирањето т.е чистењето на вагината со вода и оцет. Се верува дека на овој начин, ги отстрануваат сите штетни бактерии и ја одржуваат свежината.
Но, лекарката предупредува дека тоа е само мит и дека не постои научен доказ за истото. Всушност на овој начин површината се прави уште попогодна за развој на бактериите.
3. Нанесување парфеми
Мерлин Монро наводно нанесувала Шанел бр. 5 на својата интимна зона, секоја вечер пред спиење. Но, за една здрава вагина, оваа навика треба строго да се избегнува бидејќи може да предизвика опасна иритација на веќе чувствителниот дел. Според Д-р. Ширин, вагината е орган кој самиот се чисти и не му се потребни вакви додатни хемикалии, кои само можат да имаат штетни резултати.
4. Внесување предмети кои не се дизајнирани за интимата
И додека тампоните, менструалните чашки и играчките за задоволство се сосема нормални и безбедни за користење, лекарката предупредува дека тоа не е случајот кога во вагината се внесуваат други видови предмети.
Таа предупредува дека внесувањето на краставици и банани можат да предизвикуваат сериозна иритација, пропратена со непријатна болка.
5. Трпење на неконтролираното мокрење
Според лекарката, шокантен е бројот на жени кои се соочуваат со неконтролирано и прекумерено мокрење, но наместо отворено да зборуваат за тоа и да посетат лекар, често поради срам, се затораат и единствено што прават, е на потешкиот начин да го трпат овој проблем.
Според Д-р. Ширин, жените не треба да се срамат, ниту да се грижат, бидејќи денес постојат многу алтернативи за решавање на овој проблем. Едно од решенијата е практикување Кегелови вежби во времетраење од 30 минути.
6. Секојдневно носење тесни фармерки
Секако дека ова не е изговор дека ви треба нова облека и носењето на тесните фармерки е сосема во ред. Но, доколку тоа го правите повеќе од потребното, секојдневно и пречесто, тоа може да доведе до појава на габична инфекција. Затоа потребно е оставите простор за дишење на вашата интимна зона.
7. Инстиктивно чешање при мало пецкање
Сите жени барем еднаш почувствувале неудобно пецкање при својата интимна зона. Во ваквите ситуации, истакнатата лекарка советува колку што можете да се воздржите од чешање, бидејќи во спротивно ќе предизвикате инфекција и рани на површината на интимната зона.
8. Трпење на се**уална дисфункција
Иако порано се сметаше табу отворено да се разговара за се***алниот живот со партнерот, денес сосема спротивно, постојано се истакнува потребата од едукација на ова поле. Но, едукацијата не е потребна само за заштитата при односите, туку жените потребно е да се едуцираат се***алната дисфункција.
Односно, треба отворено да зборуваат и да пронајдат решение доколку имаат намалена желба и возбуда за односи, доколку чувствуваат болки за време на самиот чин или пак, имаат проблеми да доживеат оргазам. Иако повеќето наместо да справат, ја трпат ваквата состојба, лекарката предупредува да престанат да си штетат самите на себе.
9. Носење валкана долна облека
Сите жени лачат вагинален секрет во текот на денот, па носењето на валкана долна облека е една од најчестите работи која се најде на листата на „гревови“ во однос на хигиената.
Недостатокот од хигиена од тој аспект, може да создаде совршена површина за развивање на габични инфекции, бидејќи со носењето на валканата долна облека, им овозможувате на бактериите да се развиваат.
10. Акни или кожни проблеми на интимната зона
Повеќето жени често се соочуваат со појава на акни или пак, поткожни влакна на својата интимна зона. Лекарката предупредува дека колку тоа и да изгледа „првилечно“ и ве тера инстинктивно да ја притиснете т.е стиснете точката, сепак потребно е да се воздржите и да побарате соодветна лекарска помош.
Со самото стискање на акната или поткожното влакно, може да предизвикате бактериите да отидат уште подлабоко, внатре во самата кожа.
11. Чистење на вагината со правосмукалка
Колку и да звучи смешно и измислено, сепак овој бизарен тренд постои, а се појави од неодамна. Жените го практикуваат со цел нивните менструални циклуси да завршат порано од предвиденото.
Д-р. Ширини едноставно вели дека по ниту една логика правосмукалките и вагините не одат заедно во комбинација. Никој со здрав разум не би требало ова да го прави, бидејќи штетните последици би биле од огромни размери.
12. Консумирање премногу шеќер
Доброто вагинално здравје се должи на општата нега на целокупното здравје. Поради тоа, од голема важност е да обратите внимание и на вашата исхрана. Преработениот шеќер во благите работи и газираните пијалоци се докажа дека е главен виновник за развиток на лошите бактерии при интимното здравје и може да предизвика габични инфекции и кандида.