Замислете еден ден, секоја жена во светот да се разбуди добро расположена, да застане пред огледалото и да й се допадне она што ќе го види. Дали знаете што ќе се случи следно? Глобална економска криза

Илјадници компании кои своето богатство го изградиле врз несигурноста и малата самодоверба на жените, ќе банкротираат.

Денес, многу малку жени се подготвени да излезат надвор, без претходно да ги цртаат своите веѓи и да потрошат 100 часа, шминкајќи го своето лице до совршенство.

Тешко е да се поверува денес, но низ вековите жените ги претпочитале тенките веѓи, а како доказ за тој тренд ни служи самата Мона Лиза.

Неверојатно е колку долго модните куќи и брендови успеале да ги измамат и задржат жените во замка на модата. „Дами и господа, овој век сметаме дека убави се оние жени кои се на работ на анорексија и кои имаат бледа кожа“, „Здосадено ни е од слабите девојки, ова е период на Ренесансата и време е да им обратиме внимание на жените со облини“- И ова се случува секој век.

Жените секогаш ги следеле промените на стандардите за убавина, притоа жртвувајќи го своето здравје. На пример, во Кина, малите стапала се сметале за совршени, па жените ги врзувале прстите на нозете, до степен што не можеле да се движат, за да ги направат нозете помали. Тоа била одлика на аристократијата и им ги зголемувало шансите да се омажат. Но, вистината била сокривана од очите на мажите. Тие не можеле зад убавината да ја видат и болката на жените, туку само гледале мали стапала во убави чевли.

Многу малку работи се смениле денес. Супер-слабите манекенки изгледаат атрактивно поради шминката и фотошопот и она што не го прикажуваат во списанијата, е нивното бескрајно држење диети, нивните бледи лица, сува кожа и губењето на косата. Па затоа, нормалните жени се жртвуваат за да се совпаднат со стандардите: Облекуваат чевли со високи потпетици, држат строги диети, носат тесни фустани и ја кријат целата неудобност зад совршениот елегантен изглед.

И во минатото, додека убавината барала жртвување, денес за убавина потребни се пари. Пластичните хирурзи прават чуда и ги создаваат совршените лица и тела. Ваквата пластична инвестиција, вообичаено им се исплати на жените: Потоа тие создаваат блогови, каде ги рекламираат козметичките производи и диети кои наводно ги држеле за да стасаат до тој совршен изглед.

И така, останатите девојки кои сонуваат за истиот тој совршен изглед, им веруваат на блогерките затоа што не се свесни дека зад нивното совршенство се кријат скапи козметички процедури и третмани.

Со појавата на Инстаграм, целиот процес стана уште полесен. Сè што ви е потребно е да си изберете кои филтри ги сакате, односно компјутерски лицето ќе ви се направи совршено, преку обработка на фотографијата. Лицето ќе биде совршено, струкот мал и нозете- долги колку што сакате. Можете да бидете идентични на славната личност која ја сметате за идол.

Социјална мрежа дури создаде и нова поткултура која ја нарекуваат „Инстаграмџии“, кои пропагираат свој стил и начин на живот. При овие фотографии, разликата кај девојките е едноставна- само отпечатоците на нивните прсти се разликуваат.

Бидејќи за да создадеш уникатен стил, потребно е да имаш добар вкус, интелигенција за да разбереш што е навистина убаво. Но, полесно е да им подлегнеш на стандардите за убавина и да добиеш 1.000 допаѓања, бидејќи личиш на сите останати.

Да, на почетокот, имиџот на кукла изгледа привлечно. Но, со текот на времето, изгледа евтино и станува како брзата храна. Доколку во минатото, не секоја жена во Кина можеше да се жртвува за да има мали стапала, денес со шминката и компјутерските алатки како Фотошоп, сето тоа е многу полесно.

Размислете вака: Уживате во црниот кавијар, бидејќи е скап и ретка храна. Но, го наоѓате во локалната продавница на попуст, го купувате и го јадете целиот. Попустот расте, на сите им е достапен и одеднаш станува евтин како лебот. Но, луѓето ќе престанат да го купуваат, бидејќи ќе им биде смачено од истиот. Исто како што денес на луѓето им е смачено да гледаат совршенство од неприродни стомачни и лице на Барбика.

Жените се разочарани бидејќи постојано се обидуваат да ги достигнат невозможните идеали, разочарани се од евтините и неефикасни козметички производи и смачено им е од и така опасните, хируршки процедури и операции. Луѓето сакаат да видат фотографии од реалноста, од вистинскиот живот.

На општеството денес му е смачено и затоа започна да протестира против наметнатото совршенство. Затоа денес имаме движење кое ги поттикнува жените да имаат позитивна слика за своето тело, а на тоа ги поттикнува и останатите. Жените се борат за правото да изгледаат како што тие сакаат да изгледаат, не како што тоа им го наметнува модната и козметичка индустрија.

Многу славни ѕвезди го поддржуваат новиот тренд кој поттикнува среќа и инспирација. Така, актерките како Џулија Робертс и Лена Хедеј не се плашат да излезат во јавност без шминка и така да се фотографираат за социјалните мрежи, за да им докажат на останатите дека нема од што да се плашат. Актерката и сега принцеза Меган Маркл на денот на својата венчавка со принцот Хари се појави со едноставна пунџа и минимална шминка, која не ги сокриваше нејзините пеги. Исто така, сега откако се породи, при првото излегување во јавност, не се обиде да ја сокрие својата фигура по раѓањето на своето прво дете.

Но, од друга страна, дел од движењето, како и се друго, зазема и екстремна форма. Движењето се создаде за да го прошири поимот на убавина и да ги поттикне луѓето на различност, но не убавината да ја направи непривлечна.

Но, екстремните поддржувачи на движењето се малку повеќе агресивни: Одбиваат да користат козметички прозводи, не сакаат да вежбаат, не ги отстрануваат влакната, не користат хигиенски производи за време на оние денови. Сметаат дека доколку жената се бричи и користи деодорант, тогаш таа е роб на патријархалното општество и слаба личност.

Сега, наместо движењето да ја промовира убавината во различноста кај жените, некои тоа го искористија за да ја оправадаат својата мрзеливост и нехигиена и така повторно се создаде нова модна замка за жените.

Но, и покрај сето тоа, факт е дека модната индустрија станува сè поискрена и истакнува дека удобноста е поважна од тесната облека. Воедно, списанијата веќе не ги сокриваат уникатните карактеристики на лицата на моделите, ниту пак ги дискриминираат заради возраста.

Жените едноставно треба да бидат тоа што се и да престанат слепо да ги следат трендовите и модните замки.