8 лесни и едноставни вежби за затегнување на рацете, кои ќе ви одземат 5 минути
Обликуваните раце изгледаат многу привлечно. Но, за разлика од целото тело, на овој конкретен дел, не обрнуваме многу внимание. Причина? Зафатеноста и недостатокот од опрема.
Но, за следните 8 лесни вежби нема да ви биде потребно многу време, туку едноставни 5 минути, а притоа нема да би биде потребна ниту опрема. Па, без изговори и да почнеме.
1. Кружење со рацете
Почетна положба: Застанете исправено и протегнете ги рацете кон надвор. Рацете треба да бидат исправени и паралелно поставени со подот.
Чекори:
- Полека ротирајте ги рацете во кругови, притоа постојано држете ги исправено и цврсто.
- Ротирајте ги во која насока сакате.
Колку долго: Движете ги во кругови 30 секунди.
2. Летачки раце
Почетна положба: Застанете исправено и протегнете ги рацете кон надворешната страна.
Чекори:
- Не ги движете рацете. Само замислете дека летате низ воздухот, некаде високо, а рацете се вашите крилја.
Колку долго: Задржете ја оваа положба во времетраење од 30 секунди.
3. Обликување на трицепс
Почетна положба: Седнете на подот со вашиот грб исправен и нозете исправени пред вас. Држењето на грбот исправен можеби ќе биде малку тешко, но не грижете се, тоа е само почетната положба.
Чекори:
- Поставете ги рацете зад грбот и благо наведнете го ‘рбетот кон назад, притоа потпирајќи и одмарајќи се на рацете. Зглобовите исто така би требало да бидат наведнати на овој начин. Свиткајте ги колената, така што ќе ги кренете од подот.
- Сега кренете го и задникот, притоа исправувајќи ги рацете, а потоа нежно и бавно спуштете го целото тело, но без да го допирате подот.
Колку долго: Движете го телото со негово кревање и спуштање во времетраење од 30 секунди.
4. Склекови
Почетна положба: Легнете на подот, свртени со градниот кош и лицето кон надолу. Придвижете ги дланките до вашето тело.
Чекори:
- Кренете го телото од подот, потпирајќи се на дланките.
- Движете го телото нагоре, сè додека вашите раце не се скоро исправени, но не ги исправувајте целосно. Во тој момент, вашето тело би требало да биде под една линија, целосно исправено.
- Вратете се во првобитната положба.
Колку долго: Движете се нагоре и надолу во времетраење од 30 секунди.
Пауза од 1 минута
Да, дами и одморот е многу важен, па не заборавајте да си земете пауза.
5. Туркање
Почетна положба: Застанете исправено со рацете истегнати на страна. Наведнете ги рацете кон зглобовите, така што, дланките се приближат до градниот кош.
Чекори:
- Замислете 2 тешки предмети кои се близу еден до друг, поставени пред вас, на висина на вашиот стомак. Сега, обидете се да ги „туркате“ кон различни страни, со цел да ги раздвоите.
- Сега замислете дека предметите се вратиле во нивната првобитна позиција и повторно треба да ги одвоите.
Колку долго: Повторувајте 30 секунди.
6. Активирање на пулсот на градниот кош
Почетна положба: Застанете исправено и поставете ги рацете, како да се молите. Приближете ги лактите еден до друг, така што благо треба да се допираат. Потоа, кренете ги нагоре на ниво на градниот кош.
Чекори:
- Движете ги рацете нагоре и надолу.
Колку долго: 30 секунди.
7. Ножици
Почетна положба: Застанете исправено со нозете поставени една до друга и рацете исправени напред.
Чекори:
- Држете ги рацете исправено напред и со благи движења, прекрстете ги, како да ги имитирате движењата на ножиците.
- Вратете се во првобитната положба.
Колку долго: Повторувајте 30 секунди.
8. Супермен
Почетна положба: Легнете на подот и протегнете ги и рацете и нозете, притоа држејќи ги исправени.
Чекори:
- Кренете ги рацете и стапалата. Истовремено, кренете ја и главата, на исто ниво како екстремитетите.
- Задржете така на 2 секунди, а потоа вратете се во првобитната положба.
Колку долго: Повторувајте 30 секунди.