6 важни прашања кои жените се срамат да ги постават на својот гинеколог, а треба!
Еве кои се најважните работи, кои би сакале да го прашаме нашиот гинеколог, но поради чувството на непријатност, избегнуваме тоа да го направиме.
1. Дали треба да се загрижам доколку мојот менструален циклус не е секогаш навреме?
Сите жени се различни.
Еден менструален циклус може да се појави во период од 21 до 35 ден. Токму така и секоја жена може да забележи дека циклусот не секогаш доаѓа во исто време.
Истото се однесува и на времетраењето на самата менструација. Кај некои жени може да трае 4 денови, кај други 7.
Фактори кои влијаат на промената можат да бидат самиот моментален стрес, исхраната, па дури и времето.
2. Како да ја разликувам менструацијата од овулациското крварење?
Најпрво, за време на менструацијата, крвта вообичаено е во темно црвена боја и содржи честички од мукозните мембрани, кои го покриваат ендометриумот.
Овулациското крварење се карактеризира со секрет во многу посветла кафеава боја, кој настанува во средина од циклусот. Лачњето на овој секрет не е нешто за кое треба да се загрижувате, бидејќи е сосема нормална појава.
Лекарите не го третираат овулациското крварење како патолошки проблем. Тоа настанува поради опаѓање на нивото на естрогенот т.е женскиот полов хормон.
Меѓу другото, доколку чувствувате многу силна болка во стомакот пред доаѓањето на менструалниот циклус, можете да отидете на лекарски преглед, доколку сметате дека не е вообичаена.
3. Кога се препорачува да посетам лекар, кога станува збор за крварење во периодот меѓу циклусите?
Од голема важност е жените да обрнуваат внимание на ослободувањето на јајце-клетката при овулацијата, за време на лутеалната фаза/ Таа продолжува од овулацијата до крајот на менструацијата. Тогаш телото започнува да произведува прогестерон.
Тој се лачи од жолтото тело од јајчниците и е исклучително важен за воспоставување и одржување на бременоста. Доколку нивото на прогестеронот е ниско, тогаш може да се појави нередовно крварење.
Посетете лекар кога ќе ви се појави вакво нерегулирано крварење и кога ќе почувствувате болки во долниот дел од стомакот, пропратени со треска.
Хормонскиот дисбаланс може да предизвика вакво крварење и во повеќето случаи, недостатокот од естроген е главниот причинител.
4. Каква е поврзаноста меѓу контрацептивните пилули и лажната менструација?
Многу жени мислат дека откако ќе престанат да ги земаат контрацептивните пилули, веднаш потоа ќе имаат нормален менструален циклус. Но, за тоа всушност ќе бидат потребни 6 до 12 месеци, за да се врати и регулира во нормала.
5. Дали може крварењето да покаже дека сум бремена?
Да. Имплантациското крварење може да се појави по само неколку денови од зачнувањето на емобрионот, кога оплодената јајце-клетка ќе се прикачи кон мукозната мембрана на матката, при што доаѓа до пукање на некој од крвните садови. Крварењето може да биде во многу мало количество т.е неколку капки, што го прави процесот незабележителен.
Карактеристики по кои можете да ја разликувате редовната менструација од имплантациското крварење се следните:
- Бојата на крвта при имплантациското крварење е светлоцрвена, а на менструацијата е темноцрвена.
- Имплантациското крварење не трае повеќе од 2 денови.
- Процесот не е болен.
6. Што да правам, доколку ми се појави крварење при полов однос?
Во таква ситуација, крвта ќе биде во светлоцрвена боја. Доколку повредата не е сериозна, крварењето нема да трае долго. Но, доколку тоа продолжи, задолжително посетете лекар. Да ви се направи преглед во таков случај е неопходно, особено доколку при половите односи, често се соочувате со оваа појава.