Најголемата грешка што ја правиме при влегувањето во автомобилот, а која му штети на нашето и здравјето на нашите најблиски
Дали некогаш сте размислувале дека оваа едноставна и навидум необична работа, всушност претставува голема опасност за вашето здравје?
Станува збор за пуштањето на клима-уредот во автомобилот, а еве и зошто тоа е штетно.
Во автомобилот, кој е паркиран на сенка преку ден, со притоа затворени прозорци, внатре содржи 400-800 мг бензен (ароматичен јаглеводород). Доколку е паркирана, односно изложена на Сонце при температура од 16°C, тогаш нивото на бензенот достигнува до 2000-4000 мг, што е всушност за 40 пати повисоко од нормалното и дозволеното.
Луѓето кои влегуваат во автомобилот, вдишуваат прекумерено големо количество на бензен, кој се смета за токсична материја која им штети на нашите бели дробови, бубрези, коските и црниот дроб.
Најлошото во тој случај е што телото многу тешко може да ја исфрли штетната материја од својот организам.
Во инструкциите на самите автомобилски компании, се вели дека пред да го вклучите клима-уредот, потребно е да ги отворите прозорците на барем 2 минути, но не е прецизирано зошто, но наводно за подобро функционирање на самиот автомобил.
А еве која е вистинската причина, од медицински аспект
Според бројните истражувања, пред клима-уредот да започне да го лади воздухот, тој го испушта целиот заостанат воздух од загреаната пластика, која всушност го содржи бензенот, односно токсичната материја и причинителот за штетните последици по здравјето на човекот.
Затоа, веднаш штом ќе влезете во автомобилот, најпрво отворете ги прозорците на 2 минути или повеќе, сè додека не почувствувате дека воздухот е освежен.
Не го активирајте клима-уредот, веднаш по стартувањето на автомобилот
Најпрво отворете ги прозорците на неколку минути, па дури тогаш активирајте ја климата. Оставете ги прозорците отворени уште неколку дополнителни минути, откако ќе го стартувате самиот автомобил.
Многу од несврзените јаглеводороди кои влегуваат во составот на бензинот, особено ароматичните како што е бензенот, имаат канцерогени својства.