И покрај фактот дека и мажите и жените се подеднакво способни, вообичаено се смета дека задача на мажите во куќата се потешките работи, додека чистењето и спремањето низ домот е задача на жената.

Клинт и Мелоди Едвард пред 2 години стапиле во брак, а подоцна истиот го крунисале и со едно слатко бебе. Во нивниот брак, домашните обврски подеднакво ги извршувале и двајцата.

Еден ден, додека Клинт разговараше со својата мајка и истовремено тој ги миеше садовите, таа одеднаш го запраша, дали не го загрижува фактот што неговата сопруга Мел не одделува доволно време за да ја чисти нивната куќа.

Во тој момент, Клинт се потсети на своетите на неговиот татко, како да ја пронајде совршената девојка, со која да стапи во брак: „Отиди й ненајавено на гости и забележи, дали нејзиниот дом е доволно чист“-рекол татко му.

Младиот маж доволно добро ги памети тие зборови на неговиот татко, но и покрај тоа, не мислел да се ожени со некоја девојка, само за да неговата куќа утре биде чиста.

Сакал да се ожени за жена, во која навистина ќе се вљуби и која многу ќе ја сака.

Едвард одговорот на прашањето на неговата мајка го објави јавно, на својот блог, за да сите имаат можност да го прочитаат и да ја разберат вистинската вредност на еден брак.

 

„Кога се оженив за Мелоди, не мислев на чиста куќа. Мислев за тоа колку убаво и мудро размислува, како секогаш знае како јас се чувствувам и како секогаш со нејзината насмевка ги решава сите тешки ситуации. Тоа ми се допаѓа кај неа. Таа изгледаше точно како мајката, која ја посакував за моите идни деца.“- напиша накратко Клинт.

По одговорот, неговата мајка замолчела, а потоа признала дека нејзиниот син е многу во право и дека не постоел посовршен одговор на нејзиното прашање.

Нема значење кој која задача ја извршува во домот. Она што е најважно е домашната атмосфера секогаш да биде исполнета со љубов, а неуредната куќа не треба да биде најголемиот проблем во семејството.