„Бев на гости кај една пријателка во Истанбул и таа ми подготови толку вкусно јадење, за кое постојано мислам, а еве го и рецептот“
Рецептот е можеби еден од најлесните што ќе го сретнете од турската кујна, притоа потребните состојки не се толку скапи и скоро секој може да си ги дозволи.
Првпат ова извонредно јадење го пробав кога бев на гости кај едни пријатели во Истанбул, а бидејќи јадењето беше толку вкусно, ги замолив да ми го дадат рецептот, кој сега го споделувам со вас
Најубавото и најлесно турско пиде
Потребни состојки
- 1 пакетче сув квасец
- 2-3 прстофати шеќер
- 2 шолји ладно пресно млеко
- Брашно, онолку колку што ќе поприми млекото
- Малку путер
- Малку сол
- Кашкавал во количина по ваша желба
Начин на подготовка
Во млекото додадете и измешајте го квасецот и путерот, а потоа додадете го и брашното и солта. Замесете го тестото и оставете го да отстои. За половина час тоа би требало да биде готово.
Во тестото додадете малку масло и кашкавал, исецкан на парчиња и потоа, оформете топка од тестото. Во средината од истото, направете мала вдлабнатина.
По 20-тина минути испечете го пидето. Тоа ќе биде готово, кога ќе се вцрвени како и при подготовката на пица.
Турското пиде со кашкавал е највкусно кога ќе се консумира веднаш по неговото печење, односно топло. По ваша желба, може да го сервирате со малку павлака.