Бракот може да биде навистина тешка работа, а обврска е и на двајцата партнери подеднакво да вложуваат труд во истиот.

Често, врските на луѓето се неуспешни, а дел од нив се осмелуваат да ги споделат своите грешки. Еден од ретките кој јавно одлучи да зборува за својот брак и развод беше Џералд Роџерс, кој напиша искрен текст на неговиот Фејсбук профил, при кој признава дека би сакал да постапеше поинаку и притоа сподели бројни совети за оние кои се во брак и врска.

Неговата објава стана Интернет хит и веќе има 30.000 допаѓања и 141.000 споделувања, а еве што напиша тој:

1. Продолжи да ја носиш на романтични состаноци и однесувај се како да сте сè уште во врска, и покрај тоа што сте во брак

Клучната работа која никогаш не треба да ја заборавиш е да не ја земаш својата сопруга здраво за готово. Потсети се на сите ветувања што си ги кажал кога си ја запросил и обиди се да останеш човекот на кого таа му кажала „Да“. Не биди мрзелив.

2. Заштити ги и двете срца, и нејзиното и твоето

Грижи се за своето срце, подеднакво како што се грижиш за срцата на останатите. Сакај го светот, сакај се себеси, но остави посебно место во срцето во кое никој не може да влезе, освен твојата сопруга. Не дозволувај никој да го наруши мирот во тој дел од твоето срце.

3. Секогаш најди начин како повторно да се вљубиш во неа

Луѓето се менуваат- никој не останал ист, па ниту ти не си исклучок. Вие и двајцата веќе сте многу поразлични од времето кога бевте во врска, од првиот ден кога стапивте во брак и за 5 години, повторно ќе бидете различни од тоа какви сте сега. Промените се неизбежни, но клучната работа е повторно и секогаш вашиот избор да биде вашата љубов.

4. Не се обидувај да ја промениш

Твојата задача е да ја сакаш таква каква што е. Доколку таа се промени, повторно твојата задача е да ја прифатиш нејзината промена.

5. Обиди се, секој ден, да го видиш најдоброто во твојата сопруга

Фокусирај се на работите што ги обожаваш кај неа и тие позитивни работи ќе се зголемат. Така, ќе бидеш најсреќниот човек на светот.

6. Никогаш не ја обвинувај за нешто што друго што те изнервирало

Тоа се твои чувства, па затоа обиди се да ги задржиш за себе. Само затоа што постои нешто што предизвикува негативни емоции и лутина кај тебе, како работата или пријателите, тоа не значи дека твојата сопруга заслужува да се соочи со негативните последици. Можеш да побараш совет, да разговараш, но не и да ја обвинуваш за нешто што не е нејзина вина. Таа не должна да те направи ниту среќен, ниту тажен.

7. Продолжи да бидеш забавен и насмеан

Не го сфаќај животот пресериозно. Не заборавај дека потребно е време за релаксирање, смеење и време да ја насмееш својата сопруга.

8. Остави ја да биде своја

Не се обидувај да ја промениш сопругата кога е лута, нервозна или вознемирена- Сè што е потребно е едностанавно да й дадеш поддршка, да й покажеш дека се ќе биде во ред и дека ти секогаш си тука за неа, како таа за тебе.

9. Биди присутен

Во бракот потребно е на партнерот не да му го дадеш само твоето време, туку и твојата душа и твоето внимание. Однесувај се со својата сопруга како со кралица бидејќи таа е токму тоа – кралица на твоето срце.

10. Не биди идиот

Истовремено, не се плаши да бидеш идиот, бидејќи сите правиме грешки. Но, само едноставно обиди се грешките да ги намалиш и труди се што е можно повеќе да учиш од нив.

11. Биди ранлив

Не мора да бидеш силен во секое време. Сподели ги своите чувства, грижи и стравови со својата сопруга.

12. И на двајцата ви е потребен простор

Просторот особено им е потребен на жените, бидејќи тие секогаш сакаат да изгледаат совршено, потребно им е време да се негуваат, да ги нахранат своите души.

13. Биди целосно искрен и отворен со неа

Доколку и двајцата сте отворени и искрени еден спрема друг, тогаш тој брак ќе се изгради на цврста доверба. А за тоа е потребна храброст, бидејќи во искрената комуникација ќе мора да ја покажеш својата светла, но и својата темна страна.

14. Растете заедно

Како и секоја работа, па дури и кога не се грижиме за самите нас, телото покажува негативна реакција, така и со врската. Врска во која не се растете, не созревате заедно со партнерот, не вложувате во самите вас, е врска која има сигурен неуспех.

15. Опростувај брзо

Остави ги грешките за во минатото, а лекциите од нив во сегашноста. Не ги задржувај негативните емоции во себе, тоа нема да ти донесе ништо добро.

16. Парите не се нешто вредно за нервирање

Парите се игра, па пронајдете начин како да победите во таа игра. Пронајдете начин како да успеете заедно.

17. Секогаш избирај ја љубовта

Љубовта нека секогаш ти биде приоритет. Тоа е можеби најважниот совет што треба да го знаеш. Доколку секогаш ја избираш љубовта, ништо не може да го наруши вашиот однос. Бидејќи љубовта секогаш победува.