Секој ќе се согласи дека убавината лежи во окото на набљудувачот. За некои важен е надворешниот, додека пак други се вљубуваат во внатрешниот изглед на личноста.

А и самите стандарди со текот на времето постојано се менуваат. На пример, бледиот тен во минатото се сметал за аристократски, додека пак денес повисока оценка добива потемната егзотична кожа. Но, и самите луѓе се делат на оние кои слепо ги следат трендовите и оние кои ја претпочитаат својата природна убавина.

За денес од областа на модерните херои ја издвојуваме Мелиса Гибсон, која одамна ја пронајде љубовта на својот живот- нејзиното момче Џонатан. И двајцата заедно го поминуваат своето секојдневие, кое гордо го документираат преку бројни фотографии на социјалните мрежи.

Но, доволна беше и една неодамнешна фотографија, а која за жал стана популарна поради огромниот број негативни коментари кои луѓето ги оставија под истата.

Девојката доби ужасни „комплименти“ на своја сметка, а „Крава“, „Не изглегувај од теретаната додека не ослабнеш“, беа само дел од нив.

Еден Интернет корисник дури се осмели го советуваше момчето да ја остави девојката, со зборовите „Таа не е достојна за тебе!“

И иако сите очекуваа дека Мелиса само ќе ја избрише фотографијата, таа направи нешто фантастично поради кое цел свет зборува.

Со нова фотографија и одговор кој воодушевува девојката им возврати на злобните Интернет корисници:

„Луѓето поради некоја причина многу се загрижени за состојба на останатите, особено за луѓето како мене. Секој смета дека потребно е сите да се сомневаат во нашата љубов и секако, да кажат дека јас не сум достојна за него. Но, моето момче ме сака, а нашите фигури потполно си одговараат!

Не, тоа не е никаков фетиш, ниту аномалија. Тежина, висина, возраст, религија, националност- ништо од ова не е важно. Најважно во една врска е љубовта и почитта, а не тие мали нешта поврзани со вашите предрасуди!“

Објавата на храбрата и горда девојка набрзо ги освои срцата на сите, кои несомнено беа воодушевени, а без зборови останаа и луѓето кои беа причината за напишаното.