„Си донесов рецепт од Финска: Супер лесни и неодоливо вкусни лепчиња, кои секогаш ги правам кога ќе ми остане пире од ручекот“
Доколку некогаш сте биле во Финска, најверојатно веќе сте го вкусиле нивниот извонреден деликатес, наречен „rieska“.
Станува збор за традиционален фински рамен леб, кој наместо со квасец, се приготвува од брашно и компири.
Во продолжение откријте на кој едноставен начин се подготвува специјалитетот, кој може уште денес да се најде на вашата трпеза, а воедно ќе ви даде идеја како да го искористите пирето што ви останало од претходниот ручек, без да го фрлате.
Потребни состојки
- 5-6 компири
- 1 јајце
- 100 гр брашно
- 1 супена лажица масло за готвење
- Половина кафена лажица сол
- Црн мелен пипер по ваша желба
Начин на подготовка
1. Излупете ги компирите и ставете ги да се варат. Направете пире и оставете го да се излади. Потоа внатре додадете ја солта, јајцето и брашното и замесете меко тесто.
2. Нанесете на работната површина малку брашно и месете го претходно добиеното тесто, сè додека не стане мазно и тенко. Користејќи чаша или мала чинија, од тестото направете кругови. Со помош на вилушка, набодете ги на неколку места секој од круговите поединечно. Одозгора, по ваша желба, посипете малку црн мелен пипер и зачини.
3. Покријте ја површината на садот за печење, со хартија за печење и врз истата нанесете масло за готвење, а одозгора поставете ги круговите. Загрејте ја рерната на температура од 180°C. Печете ги лепчињата во времетраење од 20 минути.