Рани знаци на рак кај жените, кои често се занемаруваат
Како што се посочува во извештајот на Меѓународната агенција за истражување на рак, од 2018-та година, 1 од 6 жени во светот, ќе добие рак во некоја фаза од животот, а 1 од 11, ќе се соочи со фатални последици од оваа болест.
Според Агенцијата, ракот е вториот водечки причинител за смртта кај жените во светот. И покрај огромното присуство меѓу населението, сепак од аспект на нејзиното рано дијагностицирање, раните симптоми на ова заболување, се често игнорирани.
А раното откривање на болеста е од исклучителна голема важност, бидејќи колку е навремено третиран, толку се поголеми шансите за продолжување на животниот век на пациентот.
Топ 10 видови на рак кај жените во светот, според извештајот од 2018-та година
Според Светската фондација за истражување на ракот, ова е листата на најчесто застапен облик на рак кај жените, на светско ниво.
Во продолжение следува и статистичките податоци колкава била застапеноста на пациентките според видот на болеста:
- Гради – 25.4%
- Колоректален или рак на дебелото црево – 9.7%
- Белодробен – 8.8%
- Грлото на матката – 6.9%
- Штитна жлезда – 6.3%
- Матка – 5.3%
- Стомак – 4.3%
- Јајчници – 4%
- На црниот дроб – 3.6%
- Не-Хочкинов лимфом – 2.7%
Рани симптоми на рак кај жените, кои често се игнорирани
1. Замор и зголемена умореност
Ракот е исклучително е исцрпувачка болест и најчесто, зголемениот замор е првиот симптом кој се појавува.
2. Оток на градата, дури при отстуство на грутки
Благодарение на сите глобални заложби за кревање на свеста за оваа болест, сите жени знаат дека појавата на грутка на градата не е нешто што треба да го игнорираат и дека веднаш треба да се обратат на својот лекар.
Но, постои уште еден симптом, а кој често е занемарен: Постојаното отекување на еден дел од градата, дури и да нема грутка во тој момент, овој симптом не треба да го игнорирате. Ракот може да има различни форми, а понекогаш тој нема да се појави во тврда форма на грутка.
3. Ненормална загуба на тежината
Во некои случаи губењето на тежината е добра работа, но кога и без да се трудите, вагата значително брзо оди надолу, потребно е да обратите внимание и да проверите што би можело да биде причината за тоа.
Се разбира, загубата на половина килограм не треба да ве загрижува, но ако изгубите повеќе од 5% од целото тело и тежина за 6-12 месеци, без диети и без вежбање, потребно е за откривање на вистинската причина да направите лекарски преглед.
4. Ненормално вагинално крварење
Основното правило гласи: Секое крварење, со исклучок на крварењето при нормалниот менструален циклус, може да биде предупредувачки знак за некоја состојба. Тоа вклучува (но и не се ограничува само на овие симптими):
- Многу поголемо крварење, повеќе од вообичаеното за време на менструацијата
- Невообичаен менструалнен исцедок
- Вагинално крварење во периодот меѓу менструалните циклуси
Вагинално крварње за време на интимни односи
Причините за вагиналното крварење за време на интимните односи, можат да бидат бројни: Од хормонски промени до различни инфекции, ракот на грлото на матката и ракот на самата матка можат да бидат две од тие причини.
Подобро е нешто да се спречи, отколку да се лекува: Раното откривање на овој вид на рак им овозможува на пациентките висок степен на оздравување. Статистиките покажуваат дека на 92% од жените со рано дијагностициран рак на грлото на матката, животниот век им се продолжува на 5 години, а истата можност ја имаат 95% од пациентките со рано дијагностициран рак на матката.
5. Подуеност на стомакот (Но, да не се меша со подуеност предизвикана од гасови)
Луѓето често овие два различни симптоми ги мешаат, поради нивната сличност, но сепак означуваат различни состојби.
Стомачната подуеност предизвикана од гасови се карактеризира со чувство на исполнетост и стегање на стомачните мускули, додека пак стомачната подуеност која може да биде индикатор за рак, означува значително зголемен стомак.
Научниците во неодамнешно истражување открија врска меѓу постојаната подуеност на стомакот (но не и на епизоди), со појавата на рак на јајчниците, па затоа потребно е да бидете посебно внимателни.
Околу 95% од жените кои страдаат од овој облик на рак, со овој симптом се соочуваат најпрво.
6. Грутки на вратот, проблеми со голтање, постојано надразнет глас
Според Американската организација за истражување на рак, сите горенаведени симптоми можат да бидат ран индикатор за рак на штитната жлезда, особено доколку истите продолжат или се влошат во текот на периодот од наредните неколку недели, откако се забележани.
Болката и подуеноста се јавуваат малку подоцна, кои пак, предизвикуваат проблеми при дишењето. Кај ракот на штитната жлезда постојат можности за лекување и негово третирање, при што од голема важност е истиот да се дијагностицира колку е возможно порано.
7. Значителни промени во навиките на цревата, ректално крварење
Забележаната промена во функцијата на цревата и нивната конзистентност при празнењето, која продолжува да трае повеќе од 6 недели, може да биде ран симптом на колоректален т.е рак на дебелото црево, кај лицата над 60-годишна возраст.
Друг предупредувачки симптом е ректалното крварење без никакви други пропратни знаци како чувство на горење, болка или пролапс.
Кај луѓето со возраст над 60 години, промените во движењето на цревата потребно е да бидат придужени од ректално крварење или анемија, за да состојбата се дијагностицира како најверојатен симптом на колоректален рак.
8. Чудна постојана кашлица (особено при непушачи) или промени во претходната кашлица (кај пушачи)
Ракот на белите дробови почесто се среќава кај машката популација, отколку кај жените, но не е исклучена можноста за појава на истиот и кај женскат популација. Затоа особено треба да се биде внимателен со детектирање на неговите симптоми, со цел негова рана дијагноза.
При непушачите, симптомите се манфиестираат со честа, чудна и надразнета кашлица која не исчезнува, која може да биде прв знак на болеста, а се случува поради недостг на воздух, кој доведува до отежнато дишење.
Кај пушачите, симптомот е сличен, со промени во претходната кашлица, обоен искашлок и слично.
9. Прекумерена појава на модринки и крварење кое не се сопира
Модринките и крварењето кои се разликуваат од нормалното и вообиченото, треба да го пријавите кај вашиот лекар. Овие симптоми се индикатор дека нешто чудно се случува со тромбоцитие и црвените крвни клетки, кои можат да бидат ран знак на леукемија.
Заклучок
Од гледна точка на симптомите, раната дијагноза е најважниот фактор, кој определува колку долго ќе живее пациентот. За среќа, живееме во време кога раната дијагноза не е нешто невозможно.
Раното дијагностицирање на пациентите кои боледуваат од рак, им овозможува нивниот животен век да се продолжи и на 10-20 години.