Готварска сол- Ем евтина, ем врши беспрекорна работа во домаќинството. Еве на кои 8 начини може да ја употребите
Денес солта е најчестата и најупотребуваната состојка. Иако повеќето не можат да си го замислат јадењето без истата, солта заедно со шеќерот се нарекува и „бела смрт“. Но, овој производ воопшто не е за потценување!
Евтината и апсолутно безопасната готварска сол може да ни биде од голема полза во секојдневието.
Во продолжение ви откриваме некои необични начини на кои можете да ја употребите, од миење до лична хигиена.
Употреба на солта во секојдневието
1. За чистење на прозорците
Солта ќе ви помогне поефикасно да ги исчистите прозорците во домот и прозорците на автомобилот.
Се што треба да направите е да растворите 2 супени лажици сол во 3 литри топла вода. Со оваа смеса може да ги измиете прозорците, па дури и со истата да ги пребришате површините на мебелот, за побеспрекорен изглед.
2. За заштита и поефикасно перење на облеката
За да ја заштите вашата облека од смалување и избледување, додадете малку сол во машината за перење. Со помош на сол и малку вода исто така може да се ослободите од дамката предизвикана од црвено вино. Смесата го апсорбира виното брзо и доволно е потоа само да пребришете со четка или салфета.
3. При забоболка
Доколку страдате од забоболка, растворете малку сол во топла вода и исплакнете ја вашата усна празнина. Пред да го направите третманот, консултирајте се со вашиот заболекар.
Истовремено, во ситуации кога ќе немате паста за заби, направете си смеса сол и сода бикарбона, која е одлична алтернатива со слични својства.
4. Совршено решение против потењето на нозете и стапалата
Доколку се соочувате со овој непријатен проблем, ова е совршеното решение за вас: Може да си направите купка, при што во 8 литри вода, потребно е да додадете 3 супени лажици сол и четвртина парче тоалетен сапун. Третманот ефикасно го спречува потењето и успешно ја елиминира непријатната миризба.
5. Непријатна миризба во рерната
Откако приготвивте риба за ручек и потоа ја почувствувавте миризбата, за нејзино отстранување ќе ви помогне сол во комбинација со цимет. Нанесете малку од смесата во рерната и вклучете ја истата на некое време. По само неколку минути од загревањето, секој непријатен мирис веднаш ќе исчезне.
6. Чистење на сребро и бакар
Вашиот омилен прстен повторно добил темна боја? Измешајте сол и оцет и со триење, нанесете ја смесата на сите зафатени делови. Ќе бидете изненадени од блескавиот резултат.
7. Затнување на мијалникот
За чистење на мијалникот, особено на оној во кујната, во истиот потребно е да налеете малку сол и потоа и чаша топла вода. По само неколку секунди, ќе забележите како водата совршено го решава проблемот и ги отстранува затнувањето.
8. Пилинг за кожа
Измешајте сол со етерично масло од лаванда. Нанесете ја смесата на површината на вашето лице, а потоа измијте со вода. Пилингот е исклучително ефикасен бидејќи маслото ќе ја омекне вашата кожа, а солта ќе ја врати нејзината блескавост и нежност.