Убавината е комплексна работа. Сите припаднички на понежниот пол ќе се сложат дека убавината се состои не само од негата на лице и тело, туку и негата на коса. Косата е битен фактор во комплетната слика, па затоа бара правилна грижа и внимание.

1.Избор на соодветен шампон за коса

Изборот на соодветен шампон за косата е клучен фактор за здрава коса. Одберете шампон кој и одговара на вашата коса.

2. Често миење на косата

Честото миење на косата може да предизвика оштетување на коренот или влакното.

3. Непавилна употреба на шампонот

Количината на шампон зависи од должината на косата, а самото нанесување треба да биде во вид на масажа и кружни движења како би ги дофатиле сите делови од коренот до врвовите.

4. Заборавате да ја потхраните косата

Покрај шампонот, потребно е да нанесувате балсам или маска за коса, кој ќе ја збогати структурата на влакното.

5. Температурата на водата

Користите премногу топла вода која брзо испарува и го оштетува влакното. Најдобро е да користите умерено топла вода за време на миењето, за крај нанесете малку ладна вода како би ја стимулирале циркулацијата во кореонот, така косата ќе остане сјајна и мека.

 

6. Ја сушите косата со крпа

Честа грешка е кога излегувате од бањата да ја прекриете целата коса со крпа. Напротив избришете ја косата внимателно, и оставете ја буквално да прими воздух како би се вратила свежината во влакното.

 

7. Често и неправилно чешлање

Независно дали употребувате чешел или четка, обидете се секогаш да ја чешлате косата од коренот до врвот, на тој начин ќе го исправите влакното, косата нема да се заплетка и нема да се оштети.

 

8. Честа употреба на алатки за разубавување

Тука спаѓаат сите алатки, како фен, преса или пегла за коса. Топлината која ја испуштаат го суши влакното и ја прави косата кршлива. Обидете се барем 2 пати неделно да ја одморите косата од овие третмани.

 

9. Не ја заштитувате косата од надворешни влијанија

Ги избегнувате капите и шапките, иако тие навистина ја заштитуваат косата од надворешната температура. Практикувајте во зима секогаш да носите капа, на лето шапка зошто и јакото сонце и штети на косата.

10. Ретко одите на фризер

Не значи дека ако го посетите фризерот тој по секоја цена ќе ви ја промени фризурата, напротив обидете се барем еднаш во месецот да ја скратите за некој сантиметар, така ќе му дадете простор на влакното побрзо да расте.