4 сигурни знаци дека човекот што го сакате, ќе го скрши Вашето срце (подобро е да се знае однапред)
Со гестовите луѓето секогаш ги издаваат своите мисли. Ви нудиме четири сигурни знаци кои ги издаваат намерите на Вашиот партнер. Обидете се да ги забележите, за да го заштитите Вашето срце.
1. Го сака Вашиот телефонски број, но никогаш не се јавува
Доста жени страдаат од таков тип разочарување. Страсна ноќ и долга тишина потоа. Мажите често формално го бараат бројот, дури и без да имаат намера да се јават. Не се импресионирајте од овој гест, за да не бидете повредени.
2. Ви се јавува само кога Тој сака
Овие мажи не сакаат сериозна врска. Тие само сакаат да си играат, без никакви сериозни намери. Флертот за нив е спорт. Не Ви се јавува цела недела, а потоа ќе се јави и бара внимание. Не вреди да страдате за “играчите”.
3. Се однесува како да сте во врска, но никогаш не признава
Вие сте заедно, но не и пред луѓето. Се е во ред,се однесува заљубено додека некој не Ви се придружи. Не се срами од вас, само сака да одржува сингл имиџ. Направете си заклучоци и планирајте ги работите. Нема потреба да страдате по неизживеана врска.
4. Тврди дека не верува во брак
Во моментот кога сте подготвени за овој чекор, тој едноставно одбива. Објаснува дека не верува во брак и дека тоа не е важно за вашата врска. Не можете да бидете сигурни дали навистина е против свршувачката, или едноставно не сака да го направи со вас. Покрај тоа, ги омаловажува желбите и одлуките на другите, па едноставно не правете повторни обиди и ценете ги своите приоритети.