Хормоните кои ја контролираат нашата тежина и нè спречуваат да ослабнеме: Еве како правилно да ги балансираме
Многумина сметаат дека за ослободување од вишокот килограми, доволна е правилната исхрана и зголемување на физичката активност. Но, не е се под наша контрола, како што е случајот со хормоните.
Тие играат огромна улога во регулирање на нашата тежина. Во продолжение следуваат основните хормони, кои можеби ве попречуваат да стасате до целта т.е успешно да го отстраните вишокот килограми.
Луѓето кои имаат ниско ниво на кортизол, хормоните во штитната жлезда, инсулин, естроген и тестостерон во совршен баланс, ретко имаат потреба да слабеат.
Еве кои се најважните хормони, кои ја контролираат тежината:
1. Инсулин и инсулинска резистенција
Инсулинот е анаболен хормон, одговорен за создавањето на мускулната маса, кои се произведува од панкреасот. Тој е одговорен за контролирање на нивото на шеќери во крвта, особено јаглехидратите. Токму затоа се препорачува да се консумираат јаглегхидратите во мало количество, бидејќи нивниот вишок се претвора во масти.
Доколку клетките станат нечувствителни т.е отпорни кон инсулинот, тие ги складираат мастите на едно многу специфично место- Вашиот стомак.
2. Глукагон
Тој е хормон спротивен на инсулинот, кој има за задача да го зголемува нивото на шеќери во крвта. Инсулинот го акумулира вишокот од внесени јаглехидрати и ги претвора во масти.
Глукагонот пак, ги разградува натрупаните масни наслаги и ги поттикнува да се стопат побрзо. Кога телото се соочува со недостаток од глукагон, телото ги топи мастите, но на многу бавен начин. Доколку сакате да го активирате тој хормон, треба да практикувате правилна исхрана и умерен јаглехидратен внес. Тоа оди рака за рака со лекувањето на инсулинската резистенција.
3. Лептин
Лептинот е хормон кој го предупредува мозокот, кога телото веќе е заситено и кога треба да престане да јаде. Тој се генерира од масните клетки на нашето тело- колку повеќе масти имаме, толку повеќе се произведува лептин, но не е добор доколку во организамот има вишок на масти.
Доколку има вишок на хормон лептин во телото, тогаш мозокот станува „глув“ на предупредувачките знаци на заситеност и личноста започнува да јаде повеќе од потребното.
Еден од начините за контролирање на овој хормон е практикувањето нискокалорична диета. Еднаш на секои 10-15 дена, имајте ден во кој ќе си дозволите да јадете повеќе калории. Но, тоа треба да се прави со огромно внимание, бидејќи во спротивен случај може да се предзивика покачување на лептинот, многу повеќе од потребното, шот може да доведе до негативни последици.
4. Кортизол
Кортизолот е хормон кој влијае негативно на мускулите во ситуации на стрес и преоптеретување на телото. За контролирање на овој хормон, потребен е квалитетен сон од 8 часа и тоа во затемнета просторија. Високите нивоа на кортизол се основната причина за зголемување на тежината и обемот на стомакот т.е зголемување на масните наслаги. Воедно, високото ниво на кортизол може да предизвика други видови на хормонски дисбаланс, кој кај жените ја опфаќа штитната жлезда и производството на естроген.
Во тој случај, еден од најчестите начини за лекување на висок кортизол е да се намали нивото на стрес, на кои сте изложени. Потребно е и да се регулираат часовите наменети за добар сон, кој го зголемува лачењето на серотонин- невротрансмитер кој го стимулира доброто расположение.
5. Хормони на штитната жлезда
Бавниот метаболизам е другата пречка која го забавува и спречува процесот на слабеење. И стресот, како и високиот кортизол можат да ја забават функцијата на штитната жлезда. Како резултат на тоа, намалувањето на нивото на хормоните на штитната жлезда може да се манифестира со недостаток од витамин Д и нетолеранција на глутен.
Симптомите на ниска и нарушена функција на штитната жлезда вклучуваат зголемување на тежината, замор, намалена концентрација и депресија.
6. Ниски нивоа на естроген
Ниските нивоа на овој хормон го стимулираат апетитот. Истражувањата покажуваат дека естрадиолот ги користи иститие биохемиски патишта во организамот, како што тоа го прави хормонот лептин- го активира чувството на глад и ние јадеме повеќе од потребното.