6 работи кои ниту една жена не треба да ги прави за еден маж
Љубовта е чудесна сила, која ги движи луѓето. Но, истовремено може да биде опасна, кога ги заслепува луѓето и ги тера да прават работи, за кои поинаку не би ни помислиле.
Доколку сакате да имате среќен и исполнет живот, тогаш некои работи воопшто не е во ред да ги правите за еден маж, па дури ни кога тој би бил последниот на светот.
1. Не се откажувајте од вашите соништа
Никогаш не си дозволувајте да се најдете во ситуација, во која партнерот ќе ве принуди да бирате меѓу него и вашите соништа. Без разлика колку тие нему му изгледаат обични и безначајни, никогаш не треба да се откажете од нешто што ви е вам важно, за да му угодите на вашиот партнер.
2. Не го менувајте вашиот надоврешен изглед
Само затоа што на вашиот партнер му се допаѓа некоја славна актерка, манекенка или пејачка, тоа не значи дека вие треба да станете како неа. Никогаш не дозволувајте да го загубите вашиот идентитет, за да му се допаднете на еден маж. Тој треба да ја сака вистинската верзија од вас.
3. Не ги заборавајте вашите пријатели
Во денешно време, на сите им фалат уште неколку часови во денот, за да успеат да ги завршат сите обврски. Но, кога имате слободно време, истото не треба да го поминувате само со вашиот партнер. Неопходни и тука секогаш за вас, се и вашето семејство и вашите пријатели. Распоредете го вашето време, така што никој не се чувствува запоставен.
4. Не се претставувајте за нешто, што всушност не сте, само за да тој ве сака
Никогаш не се обидувајте да изгледате глупаво или помалку привлечно. Вие секогаш треба да сте вашата најдобра верзија, а вашиот партнер треба да биде горд на тоа и да ве цени.
5. Не гладувајте
Нема ништо лошо во тоа да практикувате диети или да спортувате, со цел да имате витко и здраво тело. Но, најважното е тоа да го сакате за себе, а не само затоа што сакате да го задоволите вашиот партнер. Најпрво вие треба да сте си доволни самите на себе и да се цените секогаш, за да можат и останатите да ве ценат.
6. Никогаш не му дозволувајте да ве контролира
Колку и да го сакате, никогаш не дозволувајте вашиот партнер да ве контролира и да донесува одлуки во ваше име. Доколку сте во сериозна врска, нормално е за некои работи да донесувате заеднички одлуки. Но, важно е да запомните дека во ниту еден случај вашиот живот не зависи од неговите одлуки и неговата перспектива на работите.