„Мразам да давам пари за средства, па затоа си имам свои мали трикови: Со нив домот секогаш е беспрекорен, па дури и покрај 2-те деца“
Секој сака неговиот дом, во секое време, да изгледа блескаво и беспрекорно, но воедно покрај секојдневните обврски, ретко кој секогаш има време за чистење.
Денес ви ги откриваме најмоќните домаќински трикови, за кои не ви се потребни скапи средства за чистење, а ефектот од нив е брз, лесен и најважно од сè, неверојатно ефикасен!
Златни совети како најлесно да го исчистите вашиот дом
1. Чистење со оцет
Оцетот одлично ќе ви помогне да ја исчистите машината за алишта, при што воедно ќе го спречи настанувањето на мувла и ефикасно ќе го отстрани бигорот.
Ставете оцет во отворот наменет за ставање на детергентот и вклучете ја машината на циклус за долго перење.
Истовремено не се плашете да додадете оцет и при перењето, особено при перењето на шарени алишта. Тоа ќе помогне поефикасно да се отстранат дамките и да се задржи бојата на облеката.
Оцетот може да направи и чуда со крпите: Благодарение на него, ќе изгледаат како нови и успешно ќе го отстрани мирисот на мувла.
2. Чистење на бањата
Затоплете го оцетот и притоа додека тој се затоплува, однапред измешајте го со средство за миење садови во сооднос 1:1. Со добиената смеса, добро пребришајте ги елементите од бањата, а за подобар ефект може истата да ја оставите да отстои 30 минути.
Потоа исплакнете со вода како вообичаено. Резултатите ќе бидат загарантирано блескави!
3. Чистење на ПВЦ дограмата
Честопати, чистењето на дограмата е тешка задача, особено кога станува збор за чистење на вдлабнатините. За лесно решавање на овој проблем, на проблематичното место нанесете сода бикарбона, а потоа ставете и оцет. Оставете ја пенестата смеса да отстои 15 минути, а потоа избришајте ја површината со крпа- неверојатната чистота ќе ве изненади!
4. Прочистување на детските играчки
Генијалните родители веќе одамна го знаат овој трик: Пластичните и меки играчки можат да се перат во машината за алишта, а претходно се ставаат во специјална торба или навлака, за нивна заштита.
Воедно, најдобро е за таа цел да користите антиалергични детергенти.
5. Отстранување на дамки од маркер
За остранување на дамките од маркер или фломастери на мебелот во домот, користете паста за заби. Исто така и сода бикарбона ќе ви биде од голема помош.
6. Отстранување на лак за нокти
Доколку лакот ви се разлеал и површината е мокра, можете да ја исчистите со остранувач наменет токму за лак за нокти. Со исушениот лак е малку потешко: Прво растворете го помош на лак за коса, а потоа површината избришајте ја со топла вода во која претходно е растворен течен сапун или средство за садови.
7. Чистење на микробрановата печка
Во микробрановата ставете насечен лимон и стапче цимет или цимет во прав. Потоа вклучете ја и оставете да се загрева во времетраење од 10 минути. Лимонот ќе помогне за дезинфекција на внатрешната површина на микробрановата, а циметот ќе ги отстрани сите непријатни мириси.
8. Чистење на кујнскиот кабинет
Измешајте растително масло за готвење со сода бикарбона. Со добиената паста, исчистете ги сите делови од кујнскиот кабинет.
9. Чистење на мебелот
За да ефикасно ја отстраните прашината од мебелот, ќе ви помогне следниот итар трик: На хартиена крпа нанесете неколку капки растително масло и едноставно избришете ја површината на мебелот. Потоа повторно избришете со сува крпа.
На овој начин, прашината долго време нема да се појавува.