9 тајни кои водоводџиите не се брзаат да ги споделат со нас
Во ова денешно модерно време, нефункционирањето на бањата може да биде вистинска катастрофа, бидејќи не можеме да си го замислиме животот без нашите мијалници, кади и тоалетни школки.
Затоа не е ниту чудо, кога при мала нефункционалност, во паника веднаш го повикуваме водоводџијата. Но, постојат неколку работи што би требало да ги знаете, доколку сакате во одредени ситуации да ги избегнете тие непланирани трошоци и воедно да ги спречите проблемите во бањата.
Во продолжение денес ви откриваме неколку животни трикови, кои водоводџиите не се брзаат да ги споделат со нас, а трикови кои ќе ви помогнат да заштедите многу пари.
На крајот од статијата, воедно може да видите видео кое прикажува што не треба да фрламе во тоалетната школка.
1. Можете сами да го замените одводното црево во машината за алишта
Не мора да повикувате водоводџија за да го замените цревото за одвод на машината за перење, бидејќи тоа сосема лесно можете и вие сами да го направите. Новото црево е доста евтино и може да го купите во било која продавница за домаќинство. На Интернет денес постојат дури и прирачници кои содржат инструкции за различните типови на машини.
2. Не пропуштајте масло и маснотии низ одводот
Маслото и маснотиите не се раствораат во вода, туку тие се акумулираат во цевките и се развиваат, што на крајот резултира со блокада на одводот. Овие состојки не само што можат да го оштетат вашиот канализациски систем, туку и системот на целата зграда, па дури и оние системи кои му припаѓаат на градот.
Идеалниот начин да се ослободите од маснотиите е да го фрлите во канта за отпадоци, а потоа во градски контејнер.
3. Бидете внимателни со шумливите купки
Сите ги обожаваме миризливите и колоритни шумливи купки, но тие не секогаш се безбедни за цевките. Можат да содржат масло и сол, кои не се раствораат во вода и можат да ги блокираат цевките. Истовремено, тие купки содржат и други додатоци, кои не треба да се најдат во одводот.
Со цел да избегнете било какви проблеми, пред употреба, шумливите купки претходно завиткајте ги во заштитна најлонска обвивка.
4. Не пропуштајте врела вода низ пластичните цевки
Врелата вода може негативно да влијае врз пластичните цевки, омекнувајќи ги, а притоа истовремено може да предизвика тие да се стопат. Доколку тоа го сторите само еднаш, ќе нема никаква штета. Но, доколку тоа го правите често, бидете подготвени на проблеми со цевките. Дури и кога цевките се метални, нивните споеви може се изработени од пластика или гума, што повторно ќе доведе до исти резултати.
Решението е да почекате водата да се излади.
5. Одзатнете го одводот на тоалетната школка со помош на пластична обвивка
Пластичните обвивки е се одлична алтернатива кога ви е потребен алат за одзатнување на тоалетната школка
- Прицврстете двострана леплива трака по работ од внатре на тоалетната школка
- Нејзината површина покријте ја со пластична обвивка
- Пуштете вода, при што обвивката би требало да се крене
- Потоа притснете ја истата надолу
Ова ќе ви помогне да создадете притисок во школката и ќе го одзатне одводот.
6. Затоплете ја кадата, пред употреба
Не ја тестирајте издржливоста на кадата со наглите промени во температурата на водата. Доколку планирате да се бањате, најпрво пуштете малку вода и притоа попрскајте ги и ѕидовите од кадата со топла вода, чија температура можете постепено да ја зголемувате. На овој начин, емајлот на вашата када ќе трае подолго и нема да биде жолт или со пукнатини.
7. Користете сода бикарбона
За да го одзатнете вашиот мијалник, не ви се потребни скапи средства за чистење. Наместо тоа можете да си направите евтина, а ефикасна домашна алтернатива:
- Истурете половина шолја сода бикарбона во одводот
- Следно, во истата количина, истурете оцет
- Оставете ја смесата да отстои неколку часа, а пота исплакнете го одводот со топла вода
8. Чистете ја машината за перење алишта
Со цел да го продолжите векот на вашата машина за перење алишта, на секои 3 месеци, потребно е истата да ја вклучите без алишта внатре, на долг циклус за перење. Изберете ја опцијата за топла вода, додадете малку сода бикарбона, бел оцет или лимонска киселина и притиснете го копчето за активирање.
На овој начин, ќе ја исчистите машината од бигор, бактерии и други нечистотии.
9. Поправете ги уништените делови од кадата или мијалникот
Уништени делови од вашата када или мијалник, можат да го уништат целокупниот изглед на бањата, а постои опасности и истите да рѓосаат, доколку се направени од метал.
За поправка на овој проблем, не ви е потребен експерт, туку алат наменет за бања, кој денес е лесно достапен во продавниците, како што се и инструкциите на Интернет.