Раѓањето деца во подоцнежната возраст станува сè почеста појава. Причините за ова може да бидат најразлични: Кариера, несигурност на партнерот, желбата да се живее само за себе или недостаток од чувството на одговорност.

Најважно е што и да биде, тоа да биде вашиот личен избор, бидејќи се работи за вашиот живот.

Доколку одлучите да станете мајка по вашата 40-та година, тогаш треба да знаете некои предности и можни недостатоци од доцна бременост.

Раѓањето на бебето носи многу радост и среќа, но истовремено со раѓањето доаѓаат и некои ризици. Во продолжение ви откриваме неколку аспекти од бременоста по 40-та година, кои треба да ги знае секоја мајка која донела ваква одлука:

Предности:

1. Може да имате поголеми шанси за подолг животен век

Жените кои раѓаат подоцна, имаат поголеми шанси за подолг живот. Според едно истражување, оние кое своето последно дете го родиле под возраст од 29 години, ги преполовиле своите шанси за живеење живот долг до 95 години. Но, како причина за оваа појава се наведува и самата генетика.

Доколку репродуктивниот систем на жената е добро функционален, неговата функционалност може да се поврзе и со други аспекти од животот на личноста, како и самиот животен век. Сепак, во истражувањето, овој однос меѓу раѓањето и долговечноста се докажал дека најчесто важи за мајките со 3 или помалку деца.

2. Може да го намалите конгитивниот пад

Друго истражување пак, ја покажува врската меѓу последната бременост, која се јавила во подоцнежна возраст и подобрената постменупаузална конгитивност. Заклучоците беа донесени врз основа на серија тестови кои вклучуваа задачи за различни аспекти на мозочната активност.

При истражувњето било докажано дека жените кои раѓаат по 35-та година, имаат подобра меморија, а тоа најверојатно се должи на влијанието на хормоните, одговорни за работата на мозокот.

3. Во тие години сте помудри и имате поголемо искуство

Не е никаква тајна дека со текот на годините, луѓето акумулираат многу повеќе знаење и искуство, како што расте бројката на возраста. Едноставно направете споредба кога сте биле во 20-те и 30-те години и ќе ја видите разликата. А сега замислете ја разликата на одгледување дете во тие години.

Жените по 40-та година се потрпеливи и имаат поголемо чувство на подготвеност, отколку кога биле помлади. Во тие години се позрели и постабилни на емоционален и психолошки план. Со самото тоа се поподготвени за промените кои ќе им ги донесе бременоста, а потоа и детето.

4. Финансиските сте постабилни

Кога ќе стасаат до 40-та година, жените веќе имаат формирано кариера. Веќе не го трошат своето време во пронаоѓање на самите себе, не ја менуваат често работата и немаат нестабилен приход. Откако ја оствариле кариерата, тогаш тие жени се чувствуваат посигурно и посамоуверено работата да ја стават во втор план и целосно да се фокусираат на своето дете.

Финансиската стабилност и заштедите придонесуваат за соочување со значително помал стрес, кога станува збор за одгледување на дете.

5. Сте имале време да пробате и искусите сè

Времето на лудите и долги забави останало зад вас и сега конечно, смирено и зрело размислувате за формирање на семејство. До 40-та година, веќе сте пробале и искусиле сè, при што имате стекнато голем број на пријатели со кои имате подеднакво голем број на забавни спомени. Сте патувале и сте го истражувале светот, сте живееле за себе.

Овие работи придонесуваат по раѓањето на детето на подоцнежна возраст, жените да не се чувствуваат дека нешто пропуштаат или вниманието да им го одвлекуваат забавите, бидејќи знаат дека тие веќе уживале кога биле млади и затоа сега опуштено и релаксирано, целосно се посветуваат на одгледување на нивното дете.

Ризици:

1. Шансите за забременување се многу помали

Како што поминуваат годините кај жените, така пропорционално се намалуваат и шансите за забременување. На 32-годишна возраст, плодноста започнува значително да опаѓа. Бројот на јајце-клетки се намалува и има сè помалку на број од истите за оплодување.

Но, без грижи, со развојот на медицината, денес може да се користат јајце-клетки од донатор. Истовремено постои опција на замрзнување на вашите јајце-клетки на помлада возраст, а кои може да се искористат подоцна.

2. Зголемен ризик од спонтан абортус

Како што се намалуваат шансите за забременување, обратно, се зголемуваат шансите за доживување спонатн абортус. Шансите за ова се зголемуваат за дури 50% откако жената ќе ја надмине својата 45-та година. Истовремено, фактори на ризик може да бидат нарушените хормонски и уринарни функции.

3. Зголемен ризик од добивање остеопороза

Породувањето во подоцнежна возраст го зголемува ризикот од појава и развој на остеопороза. Според едно истражување, жените кои родиле по својата 35-та година, имале двапати поголеми шанси за развивање на оваа здравствена состојба. Затоа посебно внимание треба да им обратите на вашите коски во текот на бременоста.

4. Зголемен ризик од предвремено породување

Истражувањата покажуваат дека бременоста по 40-та година може да резултира со предвремено раѓање на детето, кое пак може да се роди со помала тежина од вообичаената.

5. Може да развиете гестациски дијабетес

Овој вид на дијабетес е привремен, а во повеќето случаи е предизвикан од недоволна количина на инсулин, внесена во текот на бременоста. Кај бремените жени на возраст над 40 години, според едно истражување ризикот на развивање на оваа компликација, е зголемен за 74%.

Важно е да се запомни дека бременоста носи свои предности и недостаци на било која возраст и сè зависи од психичкото и физичко здравје на мајката.