8 ефективни начини како да го спречите чувството на зашеметеност, за само 5 минути
Кога постојатно живеете под притисок и сте во постојана трка со времето умот и телото стануваат исцрпени, а вашиот живот, а со тоа и секојдневието станува потешко од вообичаеното.
Не можете да возите, не можете да работите, едноставно не можете да се движите, без страв повторно да ви се појави чувството на зашеметеност т.е вртоглавица.
Во повеќето случаи, зашеметеноста се јавува како резултат на проблеми при внатрешниот дел од увото, каде е нарушено движењето на честичките.
Откријте кое уво ја предизвикува вртоглавицата
- Седнете на креветот во положба така што, кога ќе легнете, вашата глава треба благо да виси над работ од креветот
- Свртете ја главата кон десната страна, а потоа легнете брзо
- Почекајте 1 минута за да видите дали ќе се почувствувате зашеметено
- Вратете се во првобитната положба, а потоа повторете го движењето за другата страна
Доколку се чувствувате зашеметено го се свртевте на десно, тоа значи дека виновникот за вртоглавицата е вашето десно уво. Доколку зашеметеноста се јавува при свртување на главата на левата страна, левото уво е вашето „лошо“ уво.
Како да ја спречите зашеметеноста
1. Обидете се со „Семонт“ техниката
- Седнете исправено на работ од вашиот кревет
- Свртете ја главата хоризонтално, под агол од 45°C кон вашето добро уво.
- Наведнете ја главата под агол од 105°C и легнете на страната вашето лошо уво, при што носот треба да ви биде свртен кон нагоре.
- Останете во оваа положба неколку минути
- Држејќи ја главата во истата положба, брзо легнете на страната на доброто уво, со носот свртен кон земјата.
- Останете во оваа положба неколку минути
- Полека вратете се во првобитната положба и опуштете се
2. Изведете ја „салто“ техниката
- Започнете со седење на вашите пети
- Исправете и кренете ја главата нагоре, да гледа кон таванот
- Останете во оваа положба неколку секунди
- Спуштете ја главата надолу, притоа благо придвижувајќи ја брадата кон колената, како да правите салто
- Свртете ја главата кон вашиот лев или десен лакт т.е до лактот кој е поблиску до вашето лошо уво, под агол од 45°C. Почекајте зашеметеноста да помине или бројте до 30.
- Држејќи ја главата свртена, брзо кренете се и вратете се во почетната положба. Уште еднаш почекајте 15-30 секунди.
- Држејќи ја главата свртена кон вас, брзо седнете
- Доколку се уште се чувствувате зашетено, повторете ја техниката 4-5 пати
3. Направете ја „Гуфони“ техниката
- Седнете на маса, притоа нозете треба да ви висат надолу
- Брзо придвижете т.е наведнете ја главата кон здравата страна, додека истата не дојде во допир со површината на масата и почекајте зашеметеноста да исчезне
- Брзо свртете ја главата надолу кон масата, под агол од 90°C и почекајте 30 секунди
- Со брзо движење, вратете се во првобитната, седечка положба
- Повторете ја техниката 3 пати, сè додека не почувствувате дека вртоглавицата исчезнала
4. Изведете ја „Еплеј“ техниката
https://www.instagram.com/p/BoJ0suIliB_/?utm_source=ig_embed
- Седнете на креветот и ставете перница зад вас, така што кога ќе легнете на грб, таа да дојде под вашите раменици
- Свртете ја главата кон вашето лошо уво, под агол од 45°C и легнете брзо. Рамениците треба да бидат поставени над перницата.
- Останете во оваа положба 30 секунди
- Свртете ја главата кон спротивната страна и повторно задржете ја оваа положба 30 секунди
- Потоа свртете го целото тело во таа насока
- Почекајте 30 секунди, а потоа седнете и опуштете се неколку минути
- Повторете ја техниката неколку пати
5. Практикувајте ја „Бренд- Дароф“ вежбата
https://www.instagram.com/p/Bjna6QMgfVC/?utm_source=ig_embed
- Започнете со седечка положба на работ од креветот
- Легнете брзо на десната страна, со носот свртен нагоре, поставен под агол од 45°C
- Останете во оваа положба 30 секунди, а потоа вратете се во првобитната положба
- Направете го истото за спротивната страна
- Повторете ја вежбата 3-5 пати
6. Притиснете го вашиот зглоб
Перикардиумот или П6, е точка која се наоѓа на внатрешната страна од подлактицата, 3 прста подолу под вашиот зглоб, меѓу двете тетиви. Притиснете ја оваа точка и со благи движења, стимулирајте ја 4-5 секунди, додека не се ослободите од вртоглавицата.
7. Притиснете ја внатрешната точка на увото, лоцирана на стапалото
Оваа мала точка се наоѓа на врвот на стапалото, меѓу четвриот и најмалиот прст. За да ја намалите вртоглавицата, масирајте ја оваа точка со показалецот, во времетраење од 30 секунди.
8. Фокусирајте го погледот во една точка
- Погледнете право напред и одберете нешто на што ќе го фокусирате вашиот поглед
- Одржувајте ја оваа постојана положба додека не почувствувате ослободување од вртоглавицата
- Со држење на погледот фокусиран во изберената точка, благо започнете да ја движите главата, од една страна кон друга
- Постепено зголемувајте ја брзината на движењето. Но, потребно е да забавите, доколку почувствувате вртоглавица
- Продолжете да ја движите главата 1 минута
Внимание: Доколку овие вежби и техники ја влошуваат вашата вртоглавица и зашеметеност, веднаш престанете со нивното практикување и обратете се на вашиот лекар.