10 едноставни јога техники кои се особено одлични за женското здравје
Состојбата на грбот и циркулацијата на крвта во карлицата се темелите на женското здравје. Нарушената крвна циркулација и лимфна функција, може да предизвикаат бројни различни видови на заболувања.
Тоа може да резултира со појава на гинеколошки болести, болки во стомакот, болки во долниот дел од грбот, хемороиди, нарушувања при интимните односи и проблеми со цревата.
Во јогата, постојат вежби кои влијаат позитивно врз важните функции кај женското тело и на ефикасен начин го спречуваат настанувањето на бројните здравствени проблеми со кои често се соочуваат жените.
Во продолжение ви ги откривме основните јога техники, кои му помагаат на телото да се обнови и притоа техники, благодарение на кои во секое време ќе се чувствувате одлично.
1. Пеперутка
Како да ја направите: Седнете исправено и приближете ги вашите стапала и раширете ги колената и на двете страни, притоа спуштајќи ги колку што е можно поблизу до подот. Можете да се потпрете и на ѕидот, користејќи го грбот, со цел полесно да ги контролирате вашите движења. Долниот дел од грбот не треба да го допира ѕидот.
Времетраење: 1-3 минути
Ефект: Олеснување од напнатоста во стомакот и внатрешноста на колковите, зголемување на нивната еластичност и флексибилност и стабилизирање на менструалниот циклус.
2. Свиткување
Како да ја направите: Седнете на рамна површина со исправен грб, а нозете треба да ви бидат прекрстени, при што колената треба да се најдат во положба над стапалата. Поставете ја вашата лева рака зад вас, а десната рака поставете ја на левото колено. При вдишувањето, протегнете се кон напред и свиткајте го торзото. Задржете ја оваа положба 20 секунди. Повторете за спортивната страна.
Времетраење: 2 минути
Ефект: Опуштање на грбот, подобрување на дигестијата и обликување и намалување на половината
3. Свеќник на ѕидот
Како да ја направите: Легнете на подот и исправете ги вашите нозе кон нагоре, притоа потпирајќи ги на ѕидот, а може да ги поставите на растојание паралелно со рамената. Протегнете ги рацете, секоја на своја страна. Опуштете се, протегнете ги нозете и полека вдишувајте, при што ќе го отворите и опуштите градниот кош.
Времетраење: 3-5 минути
Ефект: Опуштање на градниот кош, рамената и стомакот, зголемување на циркулацијата на лимфната течност, намалување на отокот на нозете, стимулирање на внатрешните органи и ослободување од чувството на умореност и лошото расположение.
4. Херојска положба
Како да ја направите: Седнете на колена и потоа бавно опуштете ги нозете, поставувајќи ги точно под колковите. Доближете ги рацете во положба за молитва, поставени пред вашето тело. Протегнете го вратот и грбот, отворајќи го градниот кош. Дишете длабоко.
Времетраење: 1 минута
Ефект: Протегање и опуштање на мускулите на колковите и нозете, ослободување од менструалните болки и грчеви и подобрување на моторните телесни движења.
5. Отворање
Како да ја направите: Седнете исправено и раширете ги нозете, најмногу што можете. При вдишувањето, кренете ги рацете нагоре. При издишувањето, наведнете се кон напред најмногу што можете, без притоа да го свиткувате грбот.
Времетраење: 1 минута, 8-10 пати
Ефект: Зајакнување на телото и мускулите, ослободување од спазмите во препоните, стимулирање на циркулацијата на крвта во карлицата, подобрување на функцијата на јајчниците, регулирање на менструалниот циклус и спречување на појавата на целулит.
6. Херој свртен кон подот
Како да ја направите: Седнете на подлога, карлицата треба да биде поставена на вашите пети, а колената раширени на двете страни, притоа стапалата треба да се доближени едно до друго. Протегнете и наведнете ги рацете кон напред, најмногу што можете, поставувајќи го челото свртено кон подот и така задржете ја оваа положба.
Времетраење: 1 минута
Ефект: Опуштање на долниот дел од грбот и стимулирање на циркулацијата на крвта во карлицата.
7. Куче свртено кон подот
Како да ја направите: Од седечка положба, со стапалата поставени цврсто на подот, а рацете протегнати напред, најмногу што можете, кренете го вашето тело, во положба како на фотографијата погоре. Држете го грбот цврсто исправен, како и самите нозе, без да ги свиткувате.
Времетраење: 2 пати, 30 секунди поединечно
Ефект: Регенерација на мозочните клетки, освежување на бојата на лицето, зајакнување на задните мускули на бутовите, намалување на појавата на целулит, зајакнување на мускулите на грбот и отстранување на вратните спазми.
8. Танчерска положба
Како да ја направите: Застанете исправено, а потоа кренете ја вашата десна нога зад вас, свиткувајќи ја во точката на коленото и држејќи го зглобот со вашата лева рака. Кревајте ја нагоре и надолу. Спуштете ја десната нога и повторете ги истите движења за левата нога.
Времетраење: 30-40 секунди за секоја нога поединечно.
Ефект: Подобрување на држењето на телото, функцијата на бубрезите и метаболизамот.
9. Мост на рамена
Како да ја направите: Легнете на грбот, притоа свиткувајќи ги нозете кај колената, притоа треба да бидат на растојание паралелно со рамената. Рацете поставете ги до вашето тело. Кренете ја карлицата и свиткајте го грбот, без да ги кревате рамената, вратот и главата од подот.
Времетраење: 1 минута
Ефект: Подобрување на држењето на телото, функцијата на бубрезите и метаболизамот.
10. Релаксација
Како да ја направите: Легнете на грб, а доколку ви е потребно, поставете перница под вашата глава, за поголема удобност. Свиткајте ги колената и приближете ги стапалата до карлицата, најмногу што можете. Раширете ги колената, секое на својата страна, а доближете ги стапалата, едно до друго. Поставете ги рацете до телото и комплетно опуштете се при издишувањето.
Времетраење: 3 минути
Ефект: Опуштање на мускулите, позитивно влијание врз расположението, опуштање на долниот дел од грбот и внатрешната страна на колковите, стимулирање на циркулацијата на крвта и подобрување на лимфната функција.
За овие едноставни техники на јога не ви се потребни никакви претходни подготовки, ниту пак опрема, а истите лесно може да ги практикувате во било кое време, каде и да се наоѓата, од домот до плажата.