Решение против непријатното чувство од убод од комарец
Со нетрпение ги очекуваме топлите денови. Но, со нив доаѓаат и инсектите и ситните натрапници. Повеќето од вас се соочиле со каснување од комарец, кое остава трага на кожата, а истовремено предизвикува непријатно чувство.
Најдобро средство против комарци се креми кои содржат кортикостероиди, кои не се препорачуваат без консултација од медицинско лице.
Спротивно од медицинските препарати кои содржат голем број хемиски соединенија, кои можат да бидат штетни по здравјето, ви претставуваме еден алтернативен начин како да се справите со непријатното чувство од убод од комарец.
На памучна газа нанесете мала количина оцет и протријте го местото на убодот, за кратко време непријатното чувство ќе се смири и црвенилото ќе се повлече.